Харбург-Вилхелмсбург
За други истоимени места, погледајте Харбург.
Харбург-Вилхелмсбург бил град во пруската Провинција Хановер, со кратко постоење од 1927 до 1937, како последица на спојувањето на градовите Харбург и Вилхелмсбург. Во 1937, Харбург-Вилхелмсбург, заедно со градовите од пруската Провинција Шлезвиг-Холштајн, Алтона и Вандсбек, е припоен кон Хамбург со законот за голем Хамбург. И покрај неговото припојување кон Хамбург, Харбург продолжил да ја врши функцијата окружен главен град на хановерскиот округ Харбург. Во 1944, главен град на округот станал Винзен (Луе).
Денес, поранешниот град се наоѓа во поголем дел од округот Харбург.
Оваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |