Харајана
Харајана е сојузна држава во Индија со површина од 44.212 км2 и 21.082.989 жители (сос: 1. јан. 2001). Се наоѓа во северниот дел на Индија. Настанала во 1966 од деловите на државата Пенџаб. Се граничи со Пенџаб и Химачал Прадеш на север , па Раџастан на запад и југ. Источната граница со Утаранчал и Утар Прадеш е дефинирана со реката Јамун. Харајана го опкружува Делхи од три страни. Главен град на Харајана е Чандигар, кој исто така е и главен град на Пенџаб. Хинди и пенџапскиот се службени јазици. Хиндуси се 78% од населението, Сики се 18%,а Муслимани се 4%.
Харајана | |
---|---|
Haryana - हरियाणा | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Чандигар |
Површина: | 44.212 км2 |
Население: | 21.082.989 (2001) |
Густина на население: | 477 жит./км2 |
Јазик: | хинди и пенџапски |
Религии: | Хиндуизам (78 %), Сикизам (18 %), Ислам (4%) |
Мрежно место: | haryana.gov.in |
Карта | |