Хамид Тачи
политичар
Хамид Тачи (албански: Hamid Thaçi, Ваксинце, кумановско, 1924) — македонски борец и политичар[1].
Животопис
уредиТачи е роден во кумановското село Ваксинце во 1924 година. Се школувал во Великата медреса во Скопје од 1936 до 1941 година, а потоа завршил гимназија во Приштина. Поради политички прогон бил принуден да го прекине школувањето и се приклучил на НОБ од првата половина на 1943 година како борец, политички комесар на чета на баталјон и на бригада. Бил демобилизиран како капетан на ЈНА. Од 1950 година бил професионален политички работник. Ја завршил Политичката школа во Белград и бил народен пратеник во Соборот на производителите на Народното собрание на НРМ.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 1470. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).