Сенф е густ зачин за јадење изработен од мелено семе од растението синап, и вода и оцет. Ситно меленото семе се готви во вода, додавајќи оцет и други зачини.

Senf-Variationen.jpg

Примена при готвењеУреди

Се користи како додаток во јадењето, кога се прават сендвичи и кога се јаде месо.

Историја на сенфотУреди

Први сенфот го користеле, најверојатно Римјаните. Тие мешале неферментиран гроздов сок со сенф. Некаде од крајот на четвртиот век, римските готвачи на сенфот му додабвале бибер, сирење, лавра, целер, оригано, кромид, мед, оцет и масло. Римјаните почнале да го извезуваат ова во Галија и пошироко.

Од 1292 година, Дижон во Франција веќе стана познат производител на сенф. Во Дижон, сенф се произведува со векови. Неговиот вкус бил усовршен од ден на ден. Почна дури индустријски да се произведува. Во партнерство со Морис Греј, сенф се произведува според уникатен рецепт на кој се додава и бело вино. Овј сенф е најпознатиот сенф на светскиот пазар.

ПодготовкаУреди

Разновидниот вкус на сенф доаѓа во широк спектар и сила во зависност од начинот на подготовка. Со готвењето се омекнува жештината и се менува вкусот на сенф. Во зависност од технологијата, но пред сè од додадените зачини и ресурси, постојат бројни вкусови и видови сенф.