Фредерик Бентинг

канадски медицински научник и доктор (1891-1941)

Сер Фредерик Грант Бентинг (англиски: Frederick Grant Banting; 14 ноември 1891 – 21 февруари 1941) ― канадски медицински научник, лекар, сликар и добитник на Нобелова награда. Познат е како ко-откривач на инсулинот и неговиот терапевтски потенцијал.[1]

Сер
Фредерик Бентинг
Бентинг во 1923
Роден(а)14 ноември 1891
Еса, Онтарио, Канада
Починал(а)21 февруари 1941
ОбразованиеУниверзитет во Торонто (додипломски студии, доктор по медицина)
Познат(а) поОткривање на инсулин
Сопружник
  • Мерион Робертсон (в. 1924; divorce 1932)
  • Хенриета Бол (в. 1937)
НаградиНобелова награда за физиологија или медицина (1923)
Награда Камерон (1927)
Флавелски медал (1931)
Потпис

Во 1923 година, Бантинг и Џон Меклауд ја добиле Нобеловата награда за медицина.[2] [3] [4] До денес, Фредерик Бентинг, кој ја добил Нобеловата награда на 32-годишна возраст, е најмлад нобеловец за физиологија/медицина.[5] Британскиот Крал Џорџ Петти во 1934 година го прогласил за витез.

Биографија

уреди

Бентинг е роден на 14 ноември 1891 година, во Еса, Онтарио.[6] По училишните денови во гратчето Алистон, почнал да студира теологија на Универзитетот во Торонто, но набрзо го сменил предметот и дипломирал медицина во 1916 година. Веднаш потоа се приклучил на канадската армија и за време на Првата светска војна бил медицински офицер во Англија и на францускиот фронт. Во 1918 година бил ранет во битката кај Камбре.

По војната, во 1919 година Бентинг се вратил во Канада каде што работел како лекар. Во 1920 година специјализирал ортопедија во Детската Болница воТоронто. 1920 година, бил преместен во Лондон во покраината Онтарио каде на Универзитет Западно Онтарио предавал Ендокринологија. За време на рутинско читање на медицински списанија, тој напишал идеја за тоа како да се изолира секрет од панкреас, а тоа беше важен чекор во лекувањето на дијабетес. Незадоволен од својата работа и мотивиран од нова идеја, тој го напуштил Лондон и се преселил во Торонто. На Универзитетот во Торонто од 17 Мај 1921 година, тој го започнал своето истражување под водство на професорот Џон Мек Леод со помош на еден млад студент Чарлс Бест.

Летото 1921 год. Бентинг ја потврдил својата идеја. Тој ги поврзувал кај кучињата главната линија на панкреасот, која делумно атрофирала. Неколку недели подоцна, тој го отстранил панкреасот од кучињата, кои, според неговите идеи, ќе бидат полни со секрет. Тој им давал од овој секрет, на кучињата со дијабетес и го анализирал нивото на шеќер во крвта.

По неколку месеци интензивна работа, методот што го користел Бентинг се покажал како успешен. Кучињата со дијабетес живееле нормално, а нивото на шеќер во крвта било регулирано со секретот од панкреасот.

Овие резултати биле поттик за понатамошно истражување. Професорот Меклауд и хемичарот Џејмс Колип биле вклучени во студијата. Интензивната истражувачка работа на овој тим довел до изолација и производство на корисен екстракт, кој бил наречен инсулин.

Неколку месеци подоцна, започнало масовно производство, и наскоро животите на милиони луѓе кои страдале од ендокрини болести беа продолжени од страна на дијабетес мелитус.

Бентинг и Меклауд во 1923 година примиле Нобелова Награда за физиологија или медицина.

Бентинг ги поделил парите од наградата со неговиот помошник Бест, верувајќи дека Бест ја заслужува наградата повеќе од Меклауд, кој пак ги поделил парите од наградата со Колип.

Бентинг е првиот светски познат научник од Канада. Канадската Влада му обезбедила доживотна финансиска помош за истражување во 1934 година. британски кралот Џорџ Петти го прогласил за витез.

Тој починал на 21 февруари 1941 година, од авион кој се урнал за време на патување во Англија. Авионот се урнал кратко време по полетувањето 10 миљи (16 км) од местото Мусграве Харбор. Точната цел на летот не е позната. Бентинг аматерски се занимавал и со сликарство. Двапати се женел, а имал само еден син од својот прв брак.

Воени истражувања

уреди

Во 1930-тите години, Бентинг, плашејќи се од можна војна, започнал неколку студии. Тој одиграл важна улога во создавањето на првиот масовно произведен гравитациски комбинезон, кој подоцна бил користен од пилотите на Кралските воздухопловни сили во текотна Втората светска војна. Тој учествувал во создавањето на биолошко оружје за масовно производство на антракс сепак, неговата улога во овој проект е нејасна.[7]

Полеску го открил инсулинот

уреди

Николае Полеску, Романски физиолог и професор по медицина, тој постигнал успех во 1916 година кога го изолирал екстрактот од панкреасот, кој по употребата кај кучиња со дијабетес, го нормализирал нивото на шеќер во крвта. По Првата светска војна, тој успеал да го изолира антидијабетичниот хормон на панкреасот, кој го нарекол панкреин (инсулин). Тој напишал неколку научни трудови на оваа тема во 1922 година, а тоа беше причината за неговиот метод на производство на панкреин.

Врски

уреди
  1. „Frederick Grant Banting (1891–1941) Codiscoverer of Insulin“. Journal of the American Medical Association. 198 (6): 660–61. 1966. doi:10.1001/jama.1966.03110190142041.
  2. Royal Karolinska Institute (1923). „Nobel Prize medal inscribed to F. G. Banting“. University of Toronto Libraries.
  3. Фредерик Бентинг on Nobelprize.org  
  4. Royal Karolinska Institute (October 25, 1923). „Citation to F. G. Banting and J. J. R. Macleod accompanying the Nobel Prize“. University of Toronto Libraries.
  5. „Frederick Grant Banting (1891—1941) Codiscoverer of Insulin“. Journal of the American Medical Association. 198 (6). 1966. doi:10.1001/jama.1966.03110190142041.
  6. Bliss 1992.
  7. Бантинг је радио као проналазач и истраживач за војску http://www.informisanje.info/2016/11/frederik-banting-insulin-dijabetes/ Архивирано на 2 јули 2022 г.

Листа на литература

уреди

Надворешни врски

уреди