Цвеќарство

(Пренасочено од Флорикултура)

Цвеќарство или флорикултура — дисциплина на хортилкултурата која се занимава со одгледување на цветоносни и орнаментални растенија. Цветоносните растенија се одгледуваат ширум светот во простории и надвор. Цвеќарите, за примарна цел го имаат развојот на размножувањето на растенијата, а со тоа и на нови видови.

Малопродажба во стаклена градина ги покажува разновидностите на флорикултуралните плантажи

Предмет на проучување

уреди

Цвеќарската култура ги вклучува билките со отворен простор, како што се многугодишно растение и двогодишни растенија, собни билки, саксиени билки, сецкан цвет и цвеќе со следечко зеленило. За разлика од расадни производи кои се занимаваат продукција на садници дрвенасти билки (дрва, жбун и лијана), цвеќaрството опфаќа воглавно зељести билки, но се занимава и со мали број дрвенасти и полудрвенасти видови кои со својот хабитус, низок раст, раскошни цветови или техники на огдледувања и размножувања се слични на зељестите многугодишни растенија. Такви се на пример розата, која, иако е дрвенаста билка, припаѓа на цвеќарството. Исто така многу билки кои имаат вредност за фармација истовремено се и декоративни (перуника, божур, невен. Билките во сад за ентериер опфаќаат цветнодекоративни и лиснодекоративни билки кои се често дрвенасти билки во тропски и суптропски подрачја како што се фикус, филодендрони, палма. Поединечни поградинарски култури, како зелка, имаат декоративен вид кои се предмет на произведување и примена преку цвеќарството.[1]

Во Македонија цвеќарството се изучава на катедрите за хортикултура и пејсажна архитектура на шумарскиот факултет како и на земјоделскиот факултет.

Технологија на производство

уреди

Производството на цветната култура се обавува во стаклена градина со контролирании услови, каде се регулира температура, влага и осветлување, или на отворено, а испорачува во контејнери како репро материјал без сечениот цвет.

Индустријата на сечениот цвет е посебна област на цвеќарството и технологија во овојата област каде опфаќа низа постапки со кои се добива квалитетен и економичен производ со оптимална продуктивност а тоа се размаци на садње, сечење на цветови (пинсирање), фертиригација итн. За овој сегмент на цвеќарството важно е и како да се постигне што поголема трајност на приозводот по берба, како да се складира, чува и пакува, што е предмет на изучување на постхарвест физиологијата.[2]

Некои видови цвеќиња се берат во природа за пазарот на сечено цвеќе, што не е случај само кај нас, туку и во Австралија и САД.

Тренд

уреди

Развојот, преку облагородување на билките, и синтеза на нови сорти е главна преокупација на цвеќарството денас. Потреба за нов таксон во цвеќарството е стален. Од извештајот на Европската канцеларија за билни сорти (CPVO -Community plant variety office) за 2008. година се гледа дека во периодот 1999-2008 година е поднесено околу 15.500 барања за регистрација и заштита на сортите на украсните билаки. Само во 2008 година. поднесено е 1631 барање што е убедливо најмногу во споредба со останатите групни билки (полјоделски билки, овошје и зеленчук) и предстаавува 54,2% од свите барања. Розите и хризантема од почетокот на работата CPVO биле најважни таксони на основа на податоците на Канцеларијата, а после тоа пеларгониум, љиљани, гербер и многу други, од година до година.[3]

Наводи

уреди
  1. Janick, J. (1986): Horticultural Science. Fourth edition. W. N. Freeman Company. New York
  2. Мијановић, О. (1979): Цвеќарството, прв дел (општ дел, саксиска култура, сечено цвеќе во стаклениците, саксиско цвеќе). Шумарски факултет (скрипта)
  3. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-25. Посетено на 2017-03-15.