Ханс Мемлинг

германско-фламански сликар од XV век

Ханс Мемлинг (Hans Memling или Memlinc); (ок. 1430 — 11 август 1494) — германско-фламански сликар што работел според традицијата на ранофламанското сликарство. Роден во подрачјето на Средна Рајна, веројатно детството го поминал во Мајнц. За време на неговото чиракување како сликар, тој се преселил во Холандија и поминал време во бриселската работилница на Рохир ван дер Вејден. Во 1465 година станал граѓанин на Бриж, каде што станал еден од водечките уметници и мајстор на голема работилница. Даночен документ од 1480 година го наведува меѓу најбогатите граѓани. Верските дела на Мемлинг честопати вклучувале покровителски портрети на свештеници, аристократи и бургерит (банкари, трговци и политичари), кои биле негови покровители.[1] Овие портрети се изградени врз стиловите што Мемлинг ги научил во својата младост.

Ханс Мемлинг
Роден(а)Hans Memling
ок. 1430
Зелингштат, Изборно Кнежевство Мајнц, Свето Римско Царство
Починал(а)11 август 1494(1494-08-11) (возр. 63–64)
Брухе, Фландриско Војводство, Кралство Франција
ОбразованиеРаботилница на Рохир ван дер Вејден
Познат(а) по
  • Слики
  • цртежи
Значајни дела
ДвижењеРанофламанско сликарство

Се оженил со Ана де Валкенаер некаде помеѓу 1470 и 1480 година и имале три деца. Уметноста на Мемлинг била повторно откриена во XIX век и достигнала широка популарност.

Живот и дело

уреди

Роден во Зелигенштат, во близина на Франкфурт во областа на Средна Мајна, Мемлинг чиракувал во Мајнц или Келн, а подоцна работел во Ниските Земји под водство на Рохир ван дер Вејден (ок. 1455–1460) во Брисел, Брабантско Војводство. Потоа работел во Бриж, Фландриска Грофовија до 1465 година.[2]

 
Страшниот суд, 1466-1473. Национален музеј, Гдањск

Тој сликал за витезите болничари во 1479 и 1480 година. Во 1477 година, кога се верувало дека е мртов, тој имал договор да создаде олтарник за позлатената капела на книжарите од Бриж.[3] Овој олтарник, Сцени на страдањето Христово, сега се наоѓа во Галеријата Сабауда во Торино. Страшниот суд, кој се наоѓа во Гдањск од 1473 година, сега е сместен во тамошниот Национален музеј. Страшниот суд го нарачал Анџело Тани, поранешен директор на филијалата на банката Медичи во Бриж, за капела во она што сега е Бадија Фјезолана во Фјезоле. Кога триптихот е затворен, Тани и неговата сопруга се прикажани клекнати во молитва. Бил испорачан во Фјезоле со брод што бил заробен од данцишкиот гусар Пол Бенеке во април 1473 година.

Најстарите слики поврзани со Мемлинг укажуваат на неговите односи со бургундскиот двор, кој се одржал во Брисел. Записите на делатата што ги поседувала Маргарет Австриска, изготвени во 1524 година, укажуваат дека на триптихот на Богот на сожалувањето од Рохир ван дер Вејден, страниците од олтарникот со ангели ги насликал „Мајстор Ханс“.[3]

Мемлинговата слика на Јован Крстител (околу 1470 г.) се наоѓа во минхенската Стара пинакотека.

Портретите на Мемлинг биле особено популарни во Италија. Според Паула Нутали, препознатливиот придонес на Мемлинг во портретот била неговата употреба на пределни заднини, што се одликуваат со „урамнотежен контрапункт помеѓу горниот и долниот дел, предниот и задниот дел: главата е поместена од неутралното пространство на небото, а неутралната област на рамената оживеана со поединостите од пејзажот во далечина“. Стилот на портретот на Мемлинг влијаел на работата на бројни италијански сликари од крајот на 15 век, и е евидентен во дела како што се Рафаеловите Портрети на Ањоло Дони и Мадалена Дони. Меѓу купувачите на неговите слики биле кардиналот Гримани и кардиналот Бембо во Венеција и главешините на Медичиеви во Фиренца.[3]

 
Сцени од страдањето Христово, ок. 1470, Галерија Сабауда

Други негови слики се Мадона и светците (која преминала од збирката Дишател во Лувр), Богородица и Младенецот (насликана за сер Џон Дон која сега се наоѓа во Националната галерија, Лондон) и четирите припишани портрети во галеријата Уфици во Фиренца (вклучувајќи го и портретот на Фолко Портинари), Сцените од страдањето Христово во Галеријата Сабауда во Торино и Доаѓањето и триумфот Христов.

Околу 1492 година, Мемлинг добил нарачка да го наслика олтарникот за бенедиктинскиот манастир Санта Марија ла Реал во Нахера, Риоха, Шпанија. Олтарникот, кој бил завршен во Фландрија, се состоел од слика на Бог опкружен со ангели кои свират на различни музички инструменти додека се наоѓаа на врвот на редот облаци пред златна заднина. Неодамна било утврдено дека ова уметничко дело го нарачале Гонзало де Кабредо и игуменот Пабло Мартинез.[1]

 
Земна суета и божествено спасение (триптих, предна страна) ок. 1485
Масло на дабова плоча, 22 × 13 см(секое крило) Музеј на уметноста во Стразбур

Мемлинг станал доволно просперитетен што неговото име се појавува на списокот на 875 најбогати граѓани на Бриж кои биле задолжителни претплатници на заемот што го подигнал Максимилијан I Австриски, за да ги финансира на непријателствата со Франција во 1480 година. Името на Мемлинг не се појавува на следните списоци на претплати од овој вид.

Во подоцнежните години, тој го насликал Светилиштето на Света Урсула што се наоѓа во Музејот на болницата во Бриж, Свети Кристофер и светци (1484) во академијата, Диптихот на Мартен ван Нивенхове во болницата во Бриж и големо Распетие, со сцени од Страста, (1491) од Либечка катедрала (Дом) во Либек, сега во Музејот Света Ана во Либек. При крајот на кариерата на Мемлинг, регистрите на еснафот на сликарите во Бриж ги даваат имињата на двајца чираци кои го служеле своето време со Мемлинг и платиле такси при приемот во еснафот во 1480 и 1486 година.[3]

Тој почина во Бриж. Поверениците на неговиот тестамент се појавија пред судот на одделенијата во Бриж на 10 декември 1495 година, а записите покажуваат дека Мемлинг зад себе оставил неколку деца и значителен имот. [3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Vos, Dirk de (2003). „Memling [Memlinc], Hans“. Oxford Art Online. Oxford University Press. doi:10.1093/gao/9781884446054.article.t056734. ISBN 978-1-884446-05-4.
  2. Murray, P. and Murray, L. (1963) The Art of the Renaissance. London: Thames & Hudson, p. 156. ISBN 978-0-500-20008-7
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Crowe & Konody 1911.
  4. Alte Pinakotek, Munich; (Summary Catalogue – various authors), pp. 348-51, 1986, Edition Lipp, ISBN 3-87490-701-5

Литература

уреди
  • de Vos, Dirk (1994). Hans Memling: The Complete Works. Harry N Abrams. ISBN 0-8109-3649-6.
  • Borchert, Till-Holger (2005). Memling's Portraits. Thames & Hudson. ISBN 0-500-09326-1.
  • Batari, Ferenc (1994). The "Memling" carpets in de Vos, Dirk, editor (1994). Essays Hans Memling. Essay bundle published with the catalogue of the exhibit Hans Memling, vijf eeuwen werkelijkheid en fictie in the Groeningen Museum, Brugge 12 August – 15 November 1994.
  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостCrowe, Joseph Archer; Konody, Paul George (1911). „Memlinc, Hans“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 18 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 104–105.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди