Фламанско сликарство

(Пренасочено од Фламанска уметност)
Историја на холандското и фламанското сликарство
Ранофламанско  (1400 – 1500)
Ренесансно сликарство  (1500 – 1584)
Златно време  (1584 – 1702)
Листа на холандски сликари
Листа на фламански сликари

Фламанско сликарствосликарското творештво кое го опфаќа периодот од XV сѐ до XVIII век на подрачјето на Фландрија. Оваа земја давала многу водечки сликари во северна Европа, а и привлекувала многу надежни таленти од околните земји. Овие сликари биле канети да работат на странските дворови и имале сеевропско влијание врз уметноста.

Портрет на Арнолфините од Јан ван Ејк

Доцна готика

уреди

Таканаречените фламански „Примитивци“ биле првите кои ја популаризирале употребата на масленото сликарство. Нивната уметност влече корени од минијатурите на доцниот готски период. Меѓу нив, главни биле Јан ван Ејк, Ханс Мемлинг, Хуго ван дер Гус и Рогир ван дер Вејден.

Ренесанса

уреди

Од раниот XVI век, фламанските сликари почнале да трпат влијанија од италијанската ренесанса. Но резултатот бил многу поразличен од типичното италијанско ренесансно сликарство. Тука водечкиот уметник бил Питер Бројгел Постариот.

Барок

уреди

По Опсадата на Антверпен (1584-1585), јужните провинции на Холандија („Фландрија“) останале под шпанска власт и биле одвоени од независната Холандска Република. Иако многу уметници пребегале во религиозните војни и се преселиле од Јужна Холандија во Холандската Република (видете златното време на холандското сликарство), фламанското барокно сликарство било во подем, особено Антверпенската школа за време на XVII век, под водство на Рубенс, Антонис ван Дајк и Јакоб Јорданс.

По смртта на важните уметници како Рубенс во 1640 и крајот на Осумдесетгодишната војна во 1648, културното значење на Фландрија опаднало.

Возобнова на сликарството во овој регион се случила дури по Белгиската револуција во 1830. Сликарите од овој период се сметаат за белгиски, а не фламански (видете Список на белгиски сликари).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди