Силикатни минерали

(Пренасочено од Филосиликат)

Силикатни минерали — најголемата и најзначајната класа на карпотворни минерали и околу 90% од Земјината кора. Тие се хемиски соединенија на силициумот со кислород и со некои минерали и широко се широко застапени во облик на стакло, порцелан, керамика и др.[1] Се класификуваат во зависност од составот и распореденоста на нивната силикатна група.

Филосиликатниот минерал хризокола

Незосиликати и ортосиликати

уреди
 
Незосиликатни примероци во Геолошкиот музеј на Јужна Дакота

Незосиликатите (од грч. νησος, несос = „остров“), или ортосиликати имаат изолирани (островски) [SiO4]4− тетраедри што се поврзани само со меѓупросторни катјони. Никел-Штрунцова класификација: 09.A

 
Кијанитни кристали (непознат размер)

Соросиликати

уреди
 
Соросиликатни примероци во Геолошкиот музеј на Јужна Дакота

Соросиликатите (од грч. σωρός сорос = „купче“) имаат изолирани двојни тетраедарски групи со (Si2O7)6− или сооднос од 2:7. Никел-Штрунцова класификација: 09.B

Циклосиликати

уреди
 
Циклосиликатни примероци во Геолошкиот музеј на Јужна Дакота

Циклосиликатите (од грч. κύκλος киклос = „круг“), или прстенести силикати, имаат сврзани тетраедри со (TxO3x)2x- или сооднос од 1:3. Постојат како тричлени (T3O9)6- шестчлени (T6O18)12- прстени, каде T означува тетраедрално усогласен катјон. Никел-Штрунцова класификација: 09.C

Треба да се напомене дека прстенот кај аксинитот содржи два тетраедра од B и четири тетраедра од Si и е многу изопачен во споредба со другите шестчлени циклосиликати.

Иносиликати

уреди

Иносиликатите (од грч. ις ис [генитивно: ινος инос] = „влакно“), или верижни силикати, имаат преплетени ланци на силикатни тетраедри со SiO3, во сооднос од 1:3 (кај единечните ланци) или Si4O11, во сооднос од 4:11 (кај двојните ланци). Никел-Штрунцова класификација: 09.D

Едноланчени иносиликати

уреди

Дволанчени иносиликати

уреди

Филосиликати

уреди

Филосиликатите (од грч. φύλλον филон = „лист“), или лиснати силикати, образуваат напоредни листови од силикатни тетраедеи со Si2O5 или сооднос од 2:5. Никел-Штрунцова класификација: 09.E

 
Каолин

Тектосиликати

уреди

Тектосиликатите, или рамковни силикати, имаат тридимензионална оплата од сликиатни тертраедри со SiO2 или сооднос од 1:2. Во оваа група спаѓа речиси 75% од Земјината кора. Со исклучок на кварцната група, тектосиликатите се алуминосиликати. Никел-Штрунцова класификација: 09.F и 09.G, 04.DA (сем. кварцови/силициуми)

 
Кварц
 
Железест анортозит #60025 (плагиокласен фелдспат). Земен од кратерот „Декарт“ на Месечината.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „силикати“ — Лексикон на македонскиот јазик
  • Deer, W.A.; Howie, R.A., & Zussman, J. (1992). An introduction to the rock-forming minerals (II. изд.). London: Longman. ISBN 0-582-30094-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Deer, W.A.; Howie, R.A., Wise, W.S. & Zussman, J. (2004). Rock-forming minerals. Volume 4B. Framework silicates: silica minerals. Feldspathoids and the zeolites (II. изд.). London: Geological Society of London. стр. 982.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Hurlbut, Cornelius S. (1966). Dana's Manual of Mineralogy (XVII. изд.). ISBN 0-471-03288-3.
  • Hurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis (1985). Manual of Mineralogy (XX. изд.). Wiley. ISBN 0-471-80580-7.

Надворешни врски

уреди