Филозофски раскази

„Филозофски раскази“ (португалски: Textos filosóficos) - збирка раскази на португалскиот писател Фернандо Песоа.

Содржина

уреди

Книгата ги содржи следниве раскази:[1]

  • „Просјакот“
  • „Часот на ѓаволот“
  • Образованието на стоикот“
  • Победникот на времето - Серзедаш“

Изданија на македонски јазик

уреди

Во 2016 година, книгата била објавен на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 300 примероци. Преводот од португалски јазик го направил Ненад Трповски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитиревиќ; а лектурата ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на Генералната дирекција за книги, архиви и библиотеки, во рамки на Државниот секретаријат за култура на Португалија, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 130 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-48-2.[1]

Критички осврт кон расказите

уреди

Расказите на Песоа се одликуваат со фрагментираност и недовршеност. Филозофските или интелектуални раскази, како што ги нарекувал авторот, се статични и во нив нема никакво дејство, туку главните ликови, најчесто во форма на дијалог, ги искажуваат своите ставови за религијата, за Бога, за битието, за општеството, за човекот итн. Недовршени во момент на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Фернандо Песоа, Филозофски раскази. Скопје: Бегемот, 2016.