Филип Брајковски
Филип Брајковски (15 август 1924 во Беличица[1] — 2001 во Скопје) — македонски партизан, учесник во НОВ и политичар.[2]
Животопис
уредиСтанал член на СКОЈ од 1941 година, а на КПЈ од 1942 година. Функцијата член на Реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, ја извршувал во периодот 1942-1943 година. Од септември 1943 година, бил назначен за комесар на чета во баталјонот „Мирче Ацев“ и Народноослободителниот партизански одред „Славеј“. Бил секретар на ОК - Дебар, сè до ослободувањето на Македонија.[1][2]
По ослободувањето, заземал повеќе партиски и управни функции. Бил пратеник во Собранието на СР Македонија, во повеќе негови свикувања.[1][2]