Грб на Филипините

(Пренасочено од Филипински грб)

Грбот на Филипините е официјалниот грб во државата. Грбот е составен од златно сонце со осум крака, што ги симболизира осумте покраини на државата, поставено на бел елипсовиден диск. Дискот со сонцето се поставени на штит кој е поделен на три полиња во бела, сина и црвена боја. На белото поле се наоѓаат три големи ѕвезди што ги симболизираат трите региони на Филипините (Лусон, Висаи и Минданао). Според официјалната верзија, на левата страна на синото поле се наоѓа американскиот орел, додека на истото поле од десната страна се наоѓа шпанскиот лав. Двата елементи ја симболизираат колонијалната историја на државата. Покрај оваа верзија, се користи и уште една верзија на грбот, каде американскиот орел и шпанскиот лав се отстранети. Под грбот има лента со натпис „Република Филипини“ или „Republika ng Pilipinas“. Грбот на Филипини бил усвоен на 3 јули 1946 година и бил создаде од капетан Гало Б. Окампо.[1]

Грб на Филипините
Варијанти

Верзија на грбот без орелот и лавот.
Подробно
ГрбоносецФилипини
Усвоен1946
МотоРепублика Филипини
Republika ng Pilipinas
Употребаниз територијата на Филипини, официјално и неофицијално.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „House of Representatives of the Philippines - Audience: Students - The National Coat of Arms“. Архивирано од изворникот на 2016-04-25. Посетено на 2008-12-14.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди