Феодор Литвиновски
Феодор Александар Литвиновски ( 1923 во Тетово ― 1945 во Антуново, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Феодор Литвиновски | ||
Роден | 1923 година Тетово, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Антуново, Хрватска |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште. Живеел во Скопје. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Го поминал борбениот пат на Бригадата, од нејзиното формирање. Учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Потоа ја продолжил борбата на Косово против заостанатите балистички банди. Учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт, до самата капитулација на фашистичка Германија, каде неговата единица придонела да бидат уништени усташките воени сили. При крајот на војната во една борба против Германците, бил погоден и загинал кај Антуново.