Фатос Арапи (албански: Fatos Arapi, Валона, 19 јули 1930 [1]11 октомври 2018) – албански поет, раскажувач, преведувач и новинар. Публикациите на Арапи биле многу ценети од неговите читатели и другите писатели и добиле разни национални и меѓународни поетски награди. Во 2008 година Арапи станал првиот албански поет кој го добил „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Фатос Арапи
Fatos Arapi
Податотека:Fatos Arapi.jpg
Роден(а)19 јули 1930(1930-07-19)
Валона, Албанија
Починал(а)11 октомври 2018(2018-10-11) (возр. 88)
Занимањепоет, раскажувач, новинар, преведувач

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Арапи е роден во 1930 година во Валона.[2] Студирал економија во Софија, Бугарија од 1949 до 1954 година, потоа работел како новинар во Тирана.[3]

Кариера

уреди

Арапи бил професор по историја и филологија на универзитетот во Тирана.[2]

Арапи бил пионер на слободниот стих и експерименталната поезија во 1960-тите години во албанската книжевност. Неговиот творечки опус се состои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечните 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија „Поетски патеки“ и „Поеми и стихови“. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на поединецот од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија.[4]

По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Ги има преведено на албански јазик делата на Сафо, Пабло Неруда и Никола Јонков Вапцаров. Приредувач е на антологиите „Песните на народот“ и „Антологија на турскиот стих“. Преведен е на повеќе светски јазици.[5]

Смрт

уреди

Арапи починал на 11 октомври 2018 година.[2]

Творештво

уреди

Поезија

уреди
  • Shtigjet poetike (Поетски патишта), 1962
  • Poema dhe vjersha (Поеми и стихови), 1966
  • Ritme të hekura (Ритми на железото), 1968
  • Më jepni një emër (Дај ми име), 1972 (подоцна забранета од режимот на Енвер Оџа)
  • Gloria victis, 1997
  • Eklipsi i endrrës (Сончево затемнување), 2002

Раскази

уреди
  • Patate të egra (Кисели компири), 1970
  • Dikush më buzëqeshte (Некој ми се смее), 1972
  • Gjeniu pa kokë (Гениј без глава), 1999

Драми

уреди
  • Partizani pa emër (Анонимниот партизан), 1962
  • Qezari dhe ushtari i mirë Shvejk (Цезар и добриот војни Швејк), 1995

Наводи

уреди
  1. [1]
  2. 2,0 2,1 2,2 „Obituary: Fatos Arapi, one of Albania's greatest modern poets, passes away“. Tirana Times. October 12, 2018. Посетено на October 12, 2018.
  3. Fatos ARAPI Архивирано на 21 февруари 2010 г. albanianliterature.net
  4. „Фатос Арапи“. СВП. Архивирано од изворникот на 2020-08-12. Посетено на 2019-05-09.
  5. „Фатос Арапи (1929 – 2018)“ (PDF). ДПМ. Посетено на 2019-05-09.
  • Albanian writer Fatos Arapi passed away today, October 11, 2018, Oculus News