Фарго (филм)
Фарго (англиски: Fargo) е американски филм (мрачна комедија) од 1996 година, во режија и по сценарио на Џоел и Итан Коен. Главните улоги во филмот ги играат: Френсис Мек Дорманд, Вилијам Мејси, Стив Бушеми, Питер Стормар, и Харв Преснел.
„Фарго (Fargo)“ | |
---|---|
Постер | |
Режисер | Џоел Коен Итан Коен (неспомнат) |
Продуцент | Итан Коен Џоел Коен(неспомнат) |
Сценарист | Џоел Коен Итан Коен |
Главни улоги | Френсис Мек-Дорманд Вилијам Х. Мејси Стив Бушеми Харв Преснел Питер Стормар |
Музика | Картер Бурвел |
Кинематографија | Роџер Дикинс |
Премиера | март 8 1996 |
Времетраење | 98 минути |
Јазик | англиски |
Буџет | 7 милиони долари |
Бруто заработка | 60.611.975 долари |
Филмот бил номиниран за седум награди „Оскар“, од кои освоил два: за најдобро сценарио и за најдобра главна женска улога.[1] Исто така, филмот освоил и една награда на БАФТА, како и награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал во 1996.[2]
Содржина
уредиПродавачот на автомобили од Минесота, Џери Ландегард (Вилијам Х. Мејси) има итна потреба од многу пари за да започне еден бинзис. Тој се обраќа до таткото на својата сопруга (Харв Преснел), но тој не сака да му ги даде парите, туку инсистира самиот тој да ја направи зделката. За да собере пари за својот потфат, Џери се договара со двајца криминалци (Стив Бушеми и Питер Стормар) да ја киднапираат неговата жена и од нејзиниот татко да бараат голема сума пари. Криминалците ја грабнуваат жена му, а нејзиниот богат татко се согласува да ги плати парите. Меѓутоа, работите не одат во согласност со неговата замисла: носејќи ја грабната жена кон нивното засолниште, криминалците убиваат полицаец и двајца други сведоци, така што полицијата започнува истрага. Истовремено, таткото на неговата сопруга сака лично да ги однесе парите и притоа еден од криминалците, Карл, го убива.
Во меѓувреме, бремената полицајка Марџ (Францес МекДорманд) упорно оди по трагата на криминалците и разговара со Џери, кој притиснат од нејзината упорност и поради страв дека ќе биде фатен, бега од продавницата за коли. Помеѓу криминалците започнува караница при што едниот од нив го убива својот соработник, а претходно ја убива и грабнатата жена. Сепак, Марџ успева да го уапси убиецот, а подоцна, полицијата го пронаоѓа и избеганиот Џери.[3][4][5]
Улоги
уреди- Францес МекДорманд како Марџ Гундерсон
- Вилијам Х. Мејси како Џери Ландегард
- Стив Бушеми како Карл Шовалтер
- Питер Сторман како Гар Гримзруд
- Харв Преснел како Вејд Гузтафсон
- Кристин Рудруд како Жан Ландегард
- Тони Денман како Скоти Ландегард
- Стив Ривис како Шеп Праудфут
- Лери Бранденбург како Стан Гросман
- Џон Карол Линч како Норм Гундерсон
- Стив Парк како Мајк Јанагита
Наводи
уреди- ↑ „Oscars.org“. Awardsdatabase.oscars.org. 2010-01-29. Посетено на 2010-02-28.
- ↑ „Festival de Cannes: Fargo“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-13. Посетено на 2009-09-16.
- ↑ Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 18.
- ↑ Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 27.
- ↑ IMDb, Fargo (1996) (пристапено на 9.6.2015)
Надворешни врски
уреди- Fargo на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Fargo на Allmovie
- Fargo на Box Office Mojo
- Fargo на Rotten Tomatoes.