Фантомка или балаклава — поткапа која ја покрива целата глава освен деловите кои го изложуваат целото лице или само горниот дел на лицето и понекогаш очите и устата или само очите. Може да служи како капа и како шал. Алтернативното име „балаклава“ потекнува од името на градот Балаклава на полуостровот Крим во Украина[1] каде британските сили за време на Кримската војна ја користеле фантомка за да можат британските војници да се заштитат од острата зима.[2]

Различни начини на носење на фантомка

Современата фантомка може да биде изработена од повеќе материјали како на пр. свила, памук, полипропилен, неопрен, волна или акрилни влакна.

Фантомката ја користат мотоциклистите, скијачите, планинарите, работниците на големи височини за да се заштитат од студот, исто така ја користи полицијата и војската во борба против терористичките акции, но најмногу се користи од криминалните групи за да се прикрие нивниот идентитет за време на извршување на противзаконски работи.

Наводи уреди

  1. Games, Alex (2007). Balderdash & piffle : one sandwich short of a dog's dinner. London: BBC. ISBN 978-1-84607-235-2.
  2. Hartston, William. „Top 10 facts about the Crimean War“. Express. Express Newspaper. Посетено на March 6, 2018.