Фадил Вокри
Фадил Вокри (23 јули 1960 - 9 јуни 2018) — југословенски фудбалер и администратор со косовско потекло.
Фадил Вокри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вокри со репрезентацијата на Југославија во 1987 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претседател на Фудбалска федерација на Косово | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На должноста 16 февруари 2008[1] – 9 јуни 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Сабри Хашани | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Агим Адеми | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | Фадил Авдулах Вокри 23 јули 1960 Подуево, СР Србија, СФР Југославиј | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 9 јуни 2018 Приштина, Косово | (возр. 57)||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Косовска албанска југословенска (порано) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Занимање | Фудбалер Фудбалски администратор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Како еден од најголемите југословенски фудбалери на своето време, бил претседател на Фудбалската федерација на Косово од 16 февруари 2008 година,[1] до неговата смрт на 9 јуни 2018 година.[2]
Животопис
уредиРоден во Подуево, СФР Југославија, Вокри бил познат по неговиот пристап сличен на Диего Марадона со брзи движења и силен шут (својата силна шутерска репутација ја стекнал во ФК Приштина).[3] Настапил на голем број меѓународни натпревари за поранешна Југославија во средината на 1980-тите и немал среќа да настапи повеќе натпревари каде што беше еден од омилените фудбалски таленти на Југославија. Тој играше во ѕвездена постава во која беа Агим Цана, Едмонд Ругова и Фадил Муриќи, како и други косовски играчи кои беа дел од Златната генерација во 1980-тите. ФК Приштина од Вокри продолжи да ја победи Црвена звезда Белград на стадионот на Црвена звезда и забележа историска победа на гости за косовскиот тим. [4]
Клупска кариера
уредиВокри постигнал вкупно 121 гол и имал 363 клупски настапи, кариерата ја започнал на 16-годишна возраст во Љапи. Потоа се преселил во Приштина во 1980 година и таму играл до 1986 година, постигнувајќи 55 гола и 172 настапи. Вокри бил многу успешен со Партизан од Белград, настапувајќи за него постигнал 18 гола на 55 настапи.[5] Бил клучен и за тимот кој ја освојувал титулата во Првата југословенска лига во периодот 1986-1987 година, и нивниот успешен настап во Купот на Југославија 1988-89, особено постигнувајќи гол во финалето кога Партизан го победил Вележ Мостар со 6-1.[6]
Помеѓу двата трофејни успеси, италијанскиот клуб Јувентус покажал интерес за потписот на Вокри. Меѓутоа, бидејќи не го завршил тогашниот задолжителен воен рок, не можел да отпатува во странство и затоа морал да ја одбие понудата. Тој на крајот ги исполнил условите за воен рок додека играл за Партизан, исполнувајќи лесни задачи во текот на неделата околу тренинзите и меѓу натпреварите.[7]
Играл и за Ним Олимпик, Фенербахче каде играл за успешниот тренер Гус Хидинк. Вокри бил миленик на навивачите на Фенербахче, но не бил толку продуктивен како во ФК Приштина и Партизан поради неговата постара возраст.[3]
По повлекувањето
уредиПо завршувањето на Косовскат војна, Вокри се вратил во својата земја и станал спортски директор на Приштина.[5] На 16 февруари 2008 година, бил избран за претседател на Фудбалската федерација на Косово која функција ја вршел до својата смрт.[1]
Личен живот
уредиВокри и неговата сопруга Едита имаат два сина Грамози и Алберт и ќерка по име Албана.[8] Дипломирал на Факултетот за менаџмент и бизнис.[5] Освен мајчиниот албански јазик, течно зборувал и француски, српски и турски јазик.[5]
Смрт
уредиНа 9 јуни 2018 година, Вокри доживеал срцев удар додека вежбал и починал на пат кон итната медицинска помош.[2][9][10][11] Подоцна истиот ден, во негова чест Градскиот стадион во Приштина бил преименуван во Стадион Фадил Вокри.[12]
На Вокри му беше извршен државен погреб на 10 јуни 2018 година и бил погребан на Градските гробишта во Приштина.[13] Косовскиот претседател Хашим Тачи го прогласил денот како национален ден на жалост.[14]
Статистика за кариера
уредиКлупска
уредиПостигнувања
уредиПартизан[15]
- Југословенска прва лига: 1986–87
- Куп на Југославија: 1988–89
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Fadil Vokrri, kryetar i ri i FFK-së“ [Fadil Vokrri, new chairman of FFK] (албански). Football Federation of Kosovo. 16 February 2008. Архивирано од изворникот на 10 July 2011.
Fadil Vokrri është kryetari i ri i Federatës së Futbollit të Kosovës dhe nga 53 deleagtë të pranishëm 42 kanë votuar për Vokrrin, 10 për Brojën dhe 1 fletëvotim është shpallur i pavlefshëm
- ↑ 2,0 2,1 „Head of Kosovo soccer federation Fadil Vokrri dies“. Reuters. 9 June 2018. Посетено на 9 June 2018.
- ↑ 3,0 3,1 „Vdekja e papritur, kush ishte Fadil Vokrri, Maradona i shqiptarëve të Kosovës…“ [Unexpected death, who was Fadil Vokrri, Maradona of Albanians of Kosovo…] (албански). Panorama Sport. 9 June 2018. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ „"Si Fadil Vokrri e mundi dy herë Beogradin"“ [How Fadil Vokrri defeated Beograd two times] (албански). Sport Ekspres. 10 June 2018. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Federata e Kosovës jep lajmin e kobshëm, ja njoftimi për vdekjen e Vokrrit“ [Federation of Kosovo gives the sad news, here is the announcement for Vokrri's death] (албански). Panorama Sport. 9 June 2018. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ „Yugoslavia - Cup Final Details 1947–2001“. RSSSF. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ „Kosovo's remarkable football rise“. BBC Sport.
- ↑ „Kjo është familja e Fadil Vokrrit, bashkëshortja, djemtë dhe vajza“ [This is the family of Fadil Vokrri, the wife, sons and daughter] (албански). Bota Sot. 9 June 2018. Посетено на 11 June 2018.
- ↑ „Vdiq Fadil Vokrri“ (албански). Koha Ditore. 9 June 2018.
Legjenda e futbollit të Kosovës dhe kryetari i Federatës së Futbollit të Kosovës, Fadil Vokrri ka vdekur sot në moshën 57-vjeçare. Vokrri ka vdekur si pasojë e një sulmi në zemër. Sulmi në zemër ndaj Vokrrit ka ndodhur rreth orës 9:30 të mëngjesit derisa po bënte fitnes
- ↑ „Zyrtari i EULEX-it që i dha ndihmën e parë Vokrrit: Ishte pa ndjenja kur ndërhyra“ (албански). Telegrafi. 9 June 2018.
Zyrtari policor i Eulexit kishte qëlluar rastësisht në qendrën e fitnesit kur kishte parë se Vokrrit i ishte vështirësuar gjendja. Fillova ta ndihmoj dhe më pas nisi të marr frymë. Pasi u duk se po i përmirësohej gjendja, unë e lash në duart e stafit mjekësor të cilët e transportuan në spital. Sinqerisht, më vije shumë keq. Ndihem i trishtuar ka thënë Persson
- ↑ „Doktorët: Vokrri erdhi pa shenja jete“ (албански). Klan Kosova. 9 June 2018.
Specialisti i mjekësisë emergjente, Avdush Bajgora, ka thënë për Klan Kosovën se legjenda e futbollit kosovar Fadil Vokrri ishte pa shenja jete kur kishte arritur në Qendrën Klinike Universitare të Kosovës. Vokrri ishte dërguar me urgjencë në qendrën kryesore spitalore të vendit pas një sulmi në zemër, të cilit nuk ka mundur t’i mbijetojë, duke ndërruar akoma pa mbërritur në QKUK
- ↑ „Kryetari i Prishtinës, Shpend Ahmeti: Stadiumi i qytetit me nder do ta mbajë emrin e Fadil Vokrrit“ [Mayor of Prishtina, Shpend Ahmeti: The city stadium with honorably will keep his name Fadil Vokrri] (албански). Telegrafi. 9 June 2018.
Kryetari i kryeqytetit të Kosovës, ai i Prishtinës, Shpend Ahmeti, ka konfirmuar se stadiumi i qytetit të Prishtinës do të mbajë emrin e ikonës së futbollit shqiptar të Kosovës, Fadil Vokrri
- ↑ „Varroset legjenda Fadil Vokrri (Video/Foto)“ [The legend Fadil Vokrri is buried (Video/Photo)]. IndeksOnline (албански). 10 June 2018.
- ↑ „Sot ditë zie në Kosovë, varroset legjenda Fadil Vokrri“ [Today is a day of mourning in Kosovo, the legend Fadil Vokrri is buried]. Lajmi.net (албански). 10 June 2018.
- ↑ „Fadil Vokrri“. National Football Teams. Посетено на 11 June 2018.