Уштипци
Уштипци ― пржено тесто налик на крофни, популарни во земјите од Југоисточна Европа, имено Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија.
Правец | Десерт |
---|---|
Регион или држава | Југоисточна Европа |
Температура на послужување | Пржени |
Главни состојки | Квасец, брашно |
Cookbook: Уштипци на Викикниги
|
Потекло
уредиНе се знае потеклото на уштипското пециво. Зборот уштипци потекнува од глаголот „уштинути“, што значи „штипкање“.[1]
Во Босна и Херцеговина, повремено се нарекувани „пексимети“. Во Хрватска се правени како варијанта на јадењето познато како фритуле; двете имиња вообичаено се користени наизменично за двете јадења. Во Словенија, варијантата на јадењето слична на фритуле е нарекувана „мишке“.
Опис
уредиТие се слични на фритули и исто така крофни, но со повеќе меко чувство налик на леб. За разлика од другите јадења од регионот, како што се крофните, тие не мора да бидат слатки. Во рестораните, тие можат да бидат со џем, кајмак или со сирење, со што ќе ја исполнуваат улогата на главен појадок, десерт, па дури и главно јадење. Во нив може да има и други состојки кои најчесто се јаболко, тиква, но дури и месо и сирење се можности. Тие бидат јадени со чај или кафе, а исто така и како десерт. Тие, често се служени со шеќер во прав посипан одозгора за да бидат естетски попријатни. Добро се комбинираат со џемови, Нутела и Еурокрем.[2]