Уна (филм)
„Уна“ — југословенски филм од 1984 година. Филмот го режирал Милош Радивојевиќ, а сценариото го напишал Небојша Пајкиќ според истоимениот роман на Момо Капор.[1][2]
„Уна“ | |
---|---|
Режисер | Милош Радивојевиќ |
Продуцент | Драгољуб Војнов Ѓорѓе Зечевиќ |
Сценарист | Небојша Пајкиќ по романот на Момо Капор |
Главни улоги | Соња Савиќ Раде Шербеџија Милена Дравиќ |
Жанр | романса |
Музика | Корнелие Ковач |
Кинематографија | Александар Петковиќ |
Монтажа | Вуксан Луковац |
Дистрибутер | Филм данас Белград Smart Egg Pictures Лондон Croatia film Загреб |
Премиера | 1984 |
Времетраење | 110 минути |
Земја | СФР Југославија |
Јазик | српски |
Дејство
уредиФилмот „Уна“ е приказна за љубовната врска меѓу студентката Уна Војводиќ (ја игра Савиќ) и професорот Мишел Бабиќ (го игра Шербеџија), кој е постар 24 години од неа.[3]
Едно романтично интервју, наменето за читателите на студентскиот весник, го менува животот на студентката Уна и еден угледен професор. Таа е убава и интелигентна, но недорасната за комплицираните врски во кои западнала, а професорот е човек чии предавања за масовните медиуми најмногу се слушаат на факултетот, но неговите тези не наидуваат на одобрување во бирократските кругови на универзитетот.[4] Продеканот на факултетот (го игра Краљ) успева да ја вклучи Уна во играта со професорот. Така, едно безопасно интервју се претвора во досие на животните, филозофските и идеолошките ставови на контроверзниот професор, а потоа во злонамерен извештај за неговиот живот, однесување, делување и движење...[2][5]
Улоги
уредиГлумец | Улога |
Соња Савиќ | Уна |
Раде Шербеџија | Професор Мишел Бабиќ |
Милена Дравиќ | Жената на Мишел |
Петар Краљ | Продеканот |
Душан Јаниќијевиќ | Татко ѝ на Уна |
Светислав Гонциќ | Горан |
Миодраг Јаковљевиќ | Врана |
Предраг Милинковиќ | сопственикот на книжарата |
Драгољуб Војнов | Другарот Предраг Петровиќ |
Наводи
уреди- ↑ „Уна“. filmovi.com. Посетено на 21 август 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „Уна“. Мој Тв. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „У ЊЕМУ СЕ СКИДАЛА НАЈЛЕПША СРПСКА ГЛУМИЦА Овај филм је проглашен "првим софт порнићем" југословенске кинематографије“. Блиц. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Уна“. Ртс. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Уна“. Тв Профил. Посетено на 22 јануари 2021.