Умберту де Аленкар Кастелу Бранку
Филдмаршал Умберту де Аленкар Кастелу Бранку (порт. Humberto de Alencar Castello Branco) (20 септември 1897 -18 јули 1967), бил бразилски воен водач, политичар и државник.
Кастелу Бранку се родил во местото Форталезе, според некои во 1897 а според други во 1900. Живеел во римокатоличко семејство. Во 1918 пристапил во бразилската војска, за во Втората светска војна да учествува со чин полковник.
На 31 март 1964, тој бил еден од најистакнатите водачи на пучот, по кој претседателот Жоао Гуларт бил срушен од власта. На власт ќе дојде воената хунта која ќе владее сè до 1985.
Кастелу Бранку ја распуштил левицата од конгресот, ги забранил сите политички партии и наместо нив создал двопартиски систем, кој се состоел од неговата владеачка партија и опозициската партија. Тој бил на чело на Бразил од 15 април 1964 до 15 март 1967.
На негово место бил назначен Артур да Коста и Силва.
Умберту де Аленкар Кастелу Бранку загинал во авионска несреќа на 16 јули 1967 година.