Хотел

уреди

Хотелот[1] како угостителски објекти за сместување е познат во целиот свет. Неговото име доаѓа од францускиот збор hotel. Тој дава услуги за сместување, исхрана и пијалак,како и други услуги. Претставува одделна градежна целина која има најмалку 15 соби за сместување или апартмани. Апартманот се состои од: комплетна двокреветна соба, соба за дневен престој, бања со WC.

Хотелот може во својот состав да има објекти,во кои се даваат само услуги за сместување,додека другите услуги гостите ги добиваат во придружни објекти.Тие објекти се викаат депанданс,а претставува проширување на хотелот во однос на сместувачките капацитети. Депандансите се одвоени градежни објекти.

Видови хотели

уреди
  1. Според тоа дали хотелот дава комплетни услуги или не постојат:
  • Потполн хотел кој дава услуги за сместување и исхрана,како и други услуги.
  • Гарни хотел кој дава услуги за сместување,подготвува и послужува само појадоk.
  1. Според времето на работата,хотелот може да биде:
  • Постојан хотел кој дава услуги во текот на целата година.
  • Сезонски хотел кој дава услуги повремено или сезонски(лето или зима),а најмногу до 9 месеци.
  1. Според времето на задржување на гостите хотелот може да биде:
  • Транзитен хотел во кој гостите не се задржуваат долго време,туку само на поминување.
  • Пансионски хотел во кој гостите се задржуваат подолго време и користат пансионски услуги(сместување и исхрана).
  1. Според местото каде што е изграден хотелот,тој може да биде:
  • Градски хотел
  • Хотел покрај море,езеро или река,односно хотел покрај вода
  • Планински хотел
  1. Според наменета,хотелот може да биде:
  • Хотел во лекувалиште
  • Спортски хотел
  • Репрезентативен хотел
  • Туристички хотел и др.

Ваквата поделба има практично значење.Според тоа за што е наменет објектот,така и се изградува.Ако хотелот е за лекувалиште,се гради до лековита бања,ако е туристички хотел,се гради во туристичко место.

Во хотелот има и други угостителско единици:Ресторан,кафеана,бар,диско клуб,сали и др.

Секој хотел има свое име.Поголемите хотели добиваат имиња со интернационално значење: „Палас“,„Интернационал“,„Белви“,„Метропол“,„Интерконтинентал“,„Гранд“и др. Хотелите можат да го носат името на земјата,на пример хотел „Македонија“.

Категоризација

уреди

Според општи и посебни одредби,хотелот се категоризира во пет категории:Д ,Ц, Б, А и Л. Највисока е Л категорија. Во која категорија,од горенаведените,ќе биде хотелот категоризиран, зависи од повеќе услови : квалитетот на услугите ,квалитет и опременост на просториите и др.

Холот и неговото просторно уредување се многу значајни.Секако за повисока категорија потребен е поголем простор на холот,поголема декорација ,полуксузен мебел ,а за пониски категории обратно.

Површината на собата за спиење е значајна при категоризацијата.Таа може да биде од 8 до 12 м2 но не помала од 6,5 до 10 м2.За повисока категорија хотелот треба да има уредени апартмани.

Санитарните уреди се потребни за секоја категорија на хотел,а топла и студена вода треба да има во секоја соба. Санитарните уреди претставуваат елемент за конфор од што зависи катеријата. На пример, во пониските категории на хотели се бара од вкупниот број соби, одреден број да имаат туш или када, а повисоките категории задолжително комплетни санитарни уреди за секоја соба.

Електрични сигнализациони уреди се препорачува да има секоја соба. Лифт за гости треба да имаат хотели од повисока категорија, а исто така да има лифт за вработените, како и товарен лифт. Ова е посебно значајно за оние хотели кои имаат четири и повеќе катови.

Постојат и посебни критериуми за хотели од високи категории. На пример,пливачки базен на отворен и затворен простор, кино сала, козметички и фризерски салон, организирани сервиси, гаражирање, спортски и забавни простории и др.

Посебно е значајно влезот на гостите да е наполн оддалечен од просториите за стопанско работење на хотелот За вработените во хотелот треба да има просторија за јадење, гардероба, тушеви. Хотелот треба да има пристапен пат, телефон, рецепција, а собите да се суви и светли, со регулирано загревање и др. Во хотелот во кои доаѓаат гости со специфични потреби, како ловци, риболовци, скијачи и др. треба да има простор за чување кучиње, соодветни реквизити.

Пансион

уреди

Пансионот[1] е објект или повеќе објекти за сместување,кој има најмалку пет соби и дава услуги за сместување и Исхрана,по правило за подолг престој.

Гостите можат да користат и одделно услуги за сместување и услуги за исхрана,но по други цени.

Името доаѓа од францускиот збор pension,што значи објект кој дава услуги за сместување.

Но начинот на давање услуги,пансионот личи на хотелот од пансионски тип,само што пансионот е помал и поскромен.

Пансионот се гради во туристички места или таму каде што има поголем број гости.

Поделби

уреди

Во пансионот најчесто се даваат пансионски и полупансионски услуги.

  • Пансионската услуга опфаќа,сместување со појадок и главни оброци-ручек и вечера.
  • Полупансионската услуга опфаќа,сместување со појадок и еден од главните оброци-ручек или вечера.

Категоризација

уреди

Според општи и посебни одредби,пансионот се категоризира во три категории:III, II , I категорија.

Пансионот од III категорија мора да има просторија за давање услуги за исхрана.

Пансионот од II категорија мора да има онолку столови во просторијата за исхрана колку што има легла за сместување. Да е обезбедено чистење на обувки,перење и пеглање на преслека. Мора да има заедничка просторија за гостите.

Пансионот од I категорија мора да има топла вода во сите соби. Една третина од собите да се со бања. Мора да има централно греење. Да обезбедува послужување појадок во собите. Лицата што работат во службите кои непосредно контактираат со странските гости мора да владеат најмалку два светски јазици.

Туристичка населба

уреди

Туристичката населба[1] е збир на објекти со најмалку 50 соби за сместување,по правило,од потраен материјал,што сочинуваат просторно и функционално организирана целина за давање услуги за сместување,исхрана и други угостителски услуги.

Во неа може да има бунгалови,павилјони,вили и други објекти.

Значи,туристичката населба како угостителски објект се јавува во поново време.Се гради во близина на туристички места.

Населбата има објекти за исхрана и разонода:ресторан,кафеана,бифе и друго.

Покрај сместување и исхрана,треба да обезбеди и други услуги,а особено продажба на стоки за секојдневна потрошувачка.

Просторот во населбата треба да биде озеленет и ограден.Слободните површини треба да бидат убаво уредени.

Во туристичката населба се обезбедуваат терени за спорт (одбојка,кошарка,тенис,голф и др.),каде што се одржуваат спортските натпревари,како и посебно уреден простор за кулутурно-забавен живот.

Треба да има пристапни патеки,изградени од тврд материјал,што ќе овозможи непречено движење на гостите во секое време.

Треба да има простор за паркирање,кој најчесто се лоцира на крајот од туристичката населба.

Туристичката населба треба да има служба за давање ПТТ услуги,здравствени,фризерски и други услуги.

На видно место треба да биде истакнат планот на туристичката населба.

Животот во населбата е мирен и им обезбедува целосен одмор на гостите.

Категоризација

уреди

Според општите и посебните одредби,туристичката населба се категоризира во пет категори:Д,Ц,Б,А и Л категорија.

Посебните одредби кои важат за категоризацијата на хотелите,важат и за категоризација на туристичка населба.

Мотел

уреди

Мотелот[1] е одделна градежнаи функционална целина што има најмалку 10 соби и пристапен пат до главната сообраќајница. Во мотелот доаѓаат гости со сопствени средства, автобуси и др. Во него се даваат услуги за сместување и исхрана. Името мотел доаѓа од комбинацијата на слоговите во зборовите мотор и хотел. Во непосредна близина до 2 км, мотелот треба да обезбеди услуги за одржување на возилата и снабдување со бензин. Мотелите во светот брзо се развија, пред сè поради развојот на туризмот и автомобилскиот сообраќај.

Поделба

уреди

Според својата намена,мотелите можат да бидат:

  • Транзитен мотел, наменет за гости на поминување. Се гради до поголеми магистрални патишта или во влизина на градови. Во него гостите се задржуваат кратко време;
  • Стационарен мотел, неменет за туристи кои се задржуваат во него по неколку дена. Се гради покрај туристичките места или знаменитости.

Категоризација

уреди

Според општите и посебните одредби, мотелот се категоризираво три категории: III, II, I категорија. Највисока е I категорија.

Мотелот од III категорија мора да има влезен хол, со пулт за рецепција и гарнитура за седење. Заедничка санитарни уреди да се наоѓаат под еден кров на мотелот. 30% од собите да имаат бања и WC. Ако мотелот се наоѓа на место каде што снабдувањето со вода не е уредено, мора да има резервоар за најмалку тридневна потрошувачка на вода, сметајќи 250 литри вода по едно легло на ден.

Мотел од II категорија мора да има 60% соби со бања и WC. Просторот за паркирање на возилата на гостите, кои користат услуги на сместување во мотелот, мора да биде покриен. Лицата што работат во службите што доаѓаат во контакт со странски гости треба да владеат најмалку два светски јазици.

Мотел од I категорија на влезот мора да има стреа за заштита на гостите од врнежи при влегувањето и излегувањето од возилото. Сите соби мора да имаат бања и WC. Moтелот има заедничка просторија за гостите. Целиот простор за паркирање на возилата да е покриен. Најмалку на пет соби мора да има по една гаража. Во климатско неповолните подрачја, гаражите треба да бидат загреани. Да е обезбедено давање на авто-механичарски услуги и снабдување со гориво на возилата. Најмалку 50% од собите мораат да имаат телефон. Лицата кои доаѓаат во непосредно работење со странски гости треба да владеат најмалку три светски јазици.

Одморалишта

уреди

Одморалиште [1] е угостителско објект кој дава услуги за сместување и Исхрана-пансионски услуги.

Одморалиштата не се групираат во категории.Слични на одморалиштата се детските и младинските одморалишта,планински домови и други објекти

Ноќевалишта

уреди

Ноќевалиште[1] е угостителски објект за сместување,во кој се издаваат само кревети.Просториите на ноќевалиштето се многу скромни.

Ноќевалиштата не се групираат во категории,туку исполнуваат само општи минимални услови.

Сватилиштето или Ханот е сличен објект на ноќевалиштето. Располага со двор и штала за сместување на добиток и запрежни возила.

Камп

уреди

Ресторан

уреди

Ресторан[1] е угостителски објект за исхрана, во кој се приготвуваат и послужуваат топли и ладни јадења, топли и ладни алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки.

Класичниот ресторан работи и дава услуги за ручек и велчера. Појадоко во него не се послужува. Тој е добро уреден со опрема која има пријатен дизајн, што овозможува удобност при престој во него. Најчесто работи во состав на хотел од повисока категорија, но може да биде и самостоен. Вработените во ресторанот се стручно оспособени со знаења од угостителска струка. Во него се обезбедува приготвување на јадења по избор, со висок квалитет. Ресторанот има посебен влез на гости и посебен економски влез. Има и простор за паркирање на возилата на гостите. Покрај класичниот ресторан има и специјализирани ресторани.

Поделба

уреди
  • Национален ресторан во кој се подготвува и послужува карактеристични национални јадења. Тој е уреден во национален стил. Најпознати национални ресторани се : кинески, руски, италијански, унгарски, француски и други.
  • Рибен ресторан во кој се подготвува и послужуваат специјалитети, како и специјалитети од ракови и школки. Се градат покрај море, езеро или река, заради можноста во секои време да има свежа риба. Може да биде сместен и во посебно уреден брод.
  • Млечен ресторан во кој се подготвуваат и послужуваат специјалитети од млеко и млечни производи, слаткарски и пекарски производи. Тука, исто така се послужуваат и безалкохолни и млечни пијалаци.
  • Бавча ресторан, подготвува и послужува топли и ладни јадења и пијалаци на отворен и уреден простор, во паркови и бавчи. Тука се подготвува и се служи скара.
  • Експрес ресторан, брзо послужува однапред подготвени јадења. Јадењата се изложени во витрини, при што сами се послужуваат. Во експрес рестораните цените на јадењата се пониски, а плаќањето се врши однапред.
  • Ресторан-самопослужување е сличен на експрес ресторанот. Гостите сами се послужуваат по извршниот избор на јадењето. Треба да има линија покрај која се наместени затоплени витрини за топли јадења, како и разладни витрини за ладни јадења и пијалаци од која гостите претежно сами се послужуваат. Во трпезаријата на ресторанот за самопослужување мора да има најмалку 50% од капацитетот маси и столови за седење, а еден дел од трпезаријата може да биде опремен со пултови за стоење.

Гостилница

уреди

Гостилница[1] е угостителски објекти за исхрана, во кој се подготвуваат и послужуваат најчесто топли јадења и точат топли пијалаци. Како Угостителски објект е познат уште од најстарите времиња, а услугите се даваат во текот на целиот ден. Изворот на јадењата е помал во однос на рестораните. Најчесто се послужуваат топли јадења кои се подготвуваат однапред. Просториите во кои работи гостилницата се скромни. Обично се гради во помали места. Во гостилницата се издаваат соби и кревети за сместување на гостите. Потребно е да има најмаку една соба со два кревета. Издавањето на јадења се врши прекусоодветен отвор директно во трпезаријата. Во гостилницата мора да биде обезбедено одвоено ракување со чистите и нечистите садови. Во разни земји гостилницата има различни имиња: бистро, паб, пивница, чарда и сл. Сите тие имаат специфичности во зависност од тоа каде се изградени. На пример, во пивницата се приготвуваат и послужуваат топли јадења и ладни јадења од специфичен карактер, односно асортиман и се точат пијалаци претежно пиво и напивки.

Народна кујна

уреди

Народна кујна[1] е угостителски објект во кој се приготвуваат и послужуваат поедноставни топли и ладни јадења. Во неа не смеат да се точат алкохолни пијалаци. Исто така во неа не смеат да се приготвуваат и послужуваат специјалитети од месо подготвени на скара.

Бифе

уреди

Бифе[1] е угостителски објект во кој се точат и приготвуваат пијалаци и напивки и се послужуваат најчесто ладни јадења. Во него гостите се послужуваат стоејќи. Плаќањето се врши однапред. Гостите се задржуваат кратко време. Доколку е просторот на бифето поголем, можат да се поставаат и неколку маси и столови. Се градат на прометни места, на пример, автобуска станица, железничка станицаи др.

Ќебапчилница

уреди

Во ќебапчилницата[1] се подготвуваат и послужуваат специјалитети од месо приготвено на скара, алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Кафеана

уреди

Во кафеана[1] се послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки, ладни јадења, слатки и др. Тие можат да бидат приготвени во просториите на кафеаната или да бидат приготвени во друго место и донесени во кафеаната само за послужување. Во кафеаната може да се послужува класичен појадок. Обично во неа се собираат луѓе од уметничкиот свет и деловни партнери, а исто така кафеаната претставува место за одмор и разонода на поширок круг луѓе. Просториите и опремата во кафеаната се удобни, а гостите се задржуваат подолго време. Во кафеаната се користат различни средства за разонода и забава на гостите - музика, игри, билијард, шах, куглање и друго. Еден дел од кафеаната може да работи како ресторан, ако располага со уреди и опрема за ресторан. Постојат различни типови кафеани од кој најпознати се:

  • Кафеана од париски тип настаната во Франција. Разонодата е едноставна, најчесто музика во вечерните часови, а повеќе е наменета за разговори.
  • Виенска кафеана се разликува од парискиот тип кафеана по тоа што има разновидна разонода. Тоа е пораскошна, а услугите покомплетни. Во неа гостинот може да добие весници за читање. Се изведува и музичка програма.

Во барот[2] се приготвуваат и послужуваат алкохолни и безалкохолни пијалаци и напивки, како и јадења по порачка. Опремата и уредите се мошне луксузни. Има простор за музика и игра и изведување на забавна програма. Во еден дел од барот има барпулт со повисоки столови каде што се точат пијалаци. Во барот има посебно вградено осветлување, што дава посебен амбиент. Гостите остануваат подолго време. Постојат различни видови барови: - барови кои претежно даваат услуги за пијалак и разонода - аперитив бар, американ барл, денсинг бар, диско клуб и друго. - барови кои даваат првенствено услуги за исхрана, а потоа за пијалак и разонода - експрес бар, млечен бар, снек бар и друго.

  • Аперитив бар - во него се послужуваат жестоки пијалаци, обично работи во состав на хотелот.
  • Американ бар - е типичен американски објекти со висок квалитет на услуги. Музиката се изведува од музички автомати.
  • Денсинг бар - е повеќе наменет за разонода на гостите. Има одредено место за танц и оркестарската музика со вокални солисти.
  • Диско клуб - е угостителски објект во кој најчесто доаѓаат помлади луѓе. Музиката се изведува од автомати и слични технички уреди со кои раководи "DJ"-от. Се послужуваат поедноставни ладни јадења, алкохолни и без алкохолни пијалаци.
  • Експрес бар - се послужува кафе, сладолед, аперитиви, сендвичи и друго. Се гради на прометни места и во него доаѓаат гости кој се на поминување. Услугите се користат најчесто стоејќи.
  • Млечен бар - се послужуваат млечни производи, едноставни млечни јадења, безалкохолни пијалаци, сладолед, сендвичи, кафе и друго. Работи во текот на денот.
  • Снек бар - се приготвуваат и послужуваат брзо и пред гостинот различни јадења и пијалаци. Се послужуваат на шанк или на маса.

Чајџилница

уреди

Во чајџилницата[2] најчесто се служи чај и други напивки и безалкохолни пијалаци. Во неа се организира разонода - играње шах, домино и друго.

Кабаре

уреди

Кабаре[2] е објект за разонода во кој се служат топли и ладни јадења, алкохолни пијалаци и напивки. Се изведува уметничка програма за разонода на гостите (артисти, маѓосници, пејачи и друго). Има простор за игра. Тоа е објект кој работи до доцна во ноќта или до раните утрински часови

Угостителските објекти како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Угостителските објекти се јавуваат како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 „Основи на угостителството и туризмот“ за Iгодина, угостителско-туристичка струка, II издание, „Просветно дело“, Скопје, 1992 година. Автори: м-р Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски
  2. 2,0 2,1 2,2 „Основи на угостителството и туризмот“ за I година, угостителско-туристичка струка, II издание, „Просветно дело“, Скопје, 1992 година. Автори: м-р Киро Петров, Марија Попоска, Фидан Трпчевски
  3. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 85-86.