Теравада
Теравада (пали: थेरवाद, theravāda (сп. санскрит: स्थविरवाद, sthaviravāda); буквално „учењето на старешините“ или „античкото учење“) е најстарата будистичка школа кое се одржува и постои до ден денес. Оваа школа понекогаш погрешно се нарекува и хинајана („малиот пат“), спротивно од махајана („големиот пат“).
Теравада е многу распространето учење и е доминантен облик на будизмот во Шри Ланка (околу 70%[1]) како и во поголемиот дел од југоисточна Азија (Лаос, Мјанмар, Тајланд и Камбоџа). Теравада исто така се практикува од страна на малцинствата во делови од југозападна Кина, Виетнам, Бангладеш, Малезија и Индонезија.
Основи
уредиТеравада е школа со конзервативно учење кое е најблиско до учењето на будата Сидхарта Гаутама. Долго време ова учење се изстоветувало со основното учење на будизмот.
Целта на монасите кои се носители на оваа традиција е постигнување на целосна слобода од сите закани и непријатности. Како и во махајана, така и теравада се одликува со примена на разционален пристап во упростувањето на ритуалите. Текстот на овој мир на будизмот е Палискиот канон, напишан на јазикот пали кој е еден од пракритите на дервна Индија.
Историја
уредиСе смета дека оваа традиција настанала за време на третиот будистички собир одржан околу 250 година п.н.е во Индија која тогаш била управувана од владетелот Ашока. Поради неговата активност, теравада станала позната дури и во јужна Европа и околу источното Средоземје (Александрија, Антиохија, Атина). Неколку од едиктите на Ашока се напишани на старогрчки и аромејски.
Во подоцнежниот период, теравада се проширува на Шри Ланка и во југоисточна Азија каде и до ден денес е доминантен облик на учење на будизмот и донекаде во Сингапур и Австралија. Во 1891 година, Дармапала го основал Здружението „Маха Бодхи“ со цел да го започне повторното раѓање на будизмот во Индија.
Фестивали и традиции
уредиРелигиозни празници во теравада:
- Магха-пуџа
- Весакха-пуџа
- Асалха-пуџа
- Упосата
- Васа (Престан на врнежите)
Галерија на слики
уреди-
Ват Фра Буда Баат, теравада-будистички храм во Тајланд.
-
Будисти во Ват ФРатат Дои Сотеп, во близина на Чианг Маи, Тајланд.
Наводи
уреди- ↑ „Светски дневник: Шри Ланка“. ЦИА Светски дневник. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 12 август 2006..
Надворешни врски
уреди- Budizam Архивирано на 7 мај 2008 г. - Najveća domaća kolekcija prevoda iz pali kanona i tumačenja savremenih teravada učitelja
- Access to Insight - A Collection of Theravada Resources
- BuddhaNet - World Buddhist directory & information resource
- BuddhaSasana - A Collection of Theravada Resources
- Nibbana.com - A Collection of Theravada Resources
- Nibbanam.com - On Nibbana, Pali and Theravada in general
- What-Buddha-Taught.net Архивирано на 28 септември 2007 г. - A Collection of Theravada Resources
- The Buddhist Society of Western Australia - A Collection of Dhamma Talks
- Tipitaka Network - Dhamma Studies
- TripleGem.net - Buddhist Directory
- Sadhu! - Theravada Web Directory
- Basic Buddhism for Beginners
- Vipassana and Theravada site
- Buddhist Meditation in the Theravada tradition - Vipassana Meditation
- TheravadaBuddhism.org - TheravadaBuddhism.org
- Wats of Cambodia
- BuddhaChat.org Архивирано на 1 август 2015 г. - A Buddhist Learning Community.
- Theravada Buddhism Forum Архивирано на 6 февруари 2012 г.
- Theravada Buddhism discussion group Архивирано на 29 мај 2008 г.—Learning Buddhism
- Theravada Buddhism news aggregator