Турски Гробишта (Црешка)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Турски Гробишта

Карта

Местоположба 41°42′16.92″N 21°58′51.96″E / 41.7047000° СГШ; 21.9811000° ИГД / 41.7047000; 21.9811000
Основни податоци
Место Црешка
Општина Штип
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Турски Гробишта археолошко наоѓалиште во штипското село Црешка. Претставува тумул од железно време[1],[2]. На североисточниот крај на селото има малку подигнато зарамнето плато, со димензии од 400 × 40 м, на кое на источниот крај се наоѓа добро зачуван тумул висок 1,20 м и со пречник во основата од 12 м. Во средината има траги од секундарно копање, на повр- шината се гледаат камења а во основата се насетува венец од реден камен. На него и околу него има гробови со нишани од турското население што живеело во селото до педесеттите години.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 446. ISBN 9989649286.
  2. Штип