Полиса (Црешка)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Полиса“
| |
Местоположба | 41°42′16.92″N 21°58′51.96″E / 41.7047000° СГШ; 21.9811000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Црешка |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | железно време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Полиса — археолошко наоѓалиште во штипското село Црешка. Претставува некропола — тумули од железното време и средновековна црква со некропола. На 2 км јужно од селото и на околу 500 м источно од наоѓалиштето Исар има зарамнето плато на кое се наоѓаат 5 могили подигнати близу една до друга без особен ред. Сите се доста добро зачувани и со приближно исти димензии, односно, високи сè до 1.20 м и со пречник во основата до 16 м. На западниот крај на теренот се гледаат урнатини на мал објект, со насоченост исток-запад, а и околу нив монолитни покривни плочи од гробови.[1]
Поврзано
уреди- Града — средновековна некропола;
- Исар - Чрешче — доцноантички опидум и средновековно градиште со некропола;
- Турски Гробишта — тумул од железното време;
- Црешка;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 444. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |