Нишан
Нишан – македонска книга, роман напишани од Блаже Миневски. Книгата е издадена во 2007 година од издавачкото претпријатие Макавеј и е прогласена за роман на годината, 2007[1].
Автор | Блаже Миневски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Издавачка куќа Макавеј |
Издадена | 2007 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уреди„Нишан“ од Блаже Миневски е „фасцинантен роман создаден на еден мал јазик“ во кој на маестрален начин е раскажана „голема, возбудлива приказна за животот и смртта, за смислата и бесмислата на војувањето, за љубовта и омразата, за победата како пораз и за поразот како победа“Приказната е раскажана „сигурно и убедливо, со разоткривање на бројните противречности, предрасуди и страдања пред кои е исправено човештвото“, а истовремено „спонтано и вешто се наметнуваат и прашањата за односот меѓу реалното и иреалното, за природната и создадената ствраност, за големата лага на фикцијата, но и за фиктивноста на глобалната вистина“. Во секундата додека куршумите во ист миг летаат кон едниот и кон другиот брег, всушност над реката што го дели просторот на двете спротивставени религии на двата главни лика, се создава еден „сложен мозаик од измислени и реални истории, херои и настани фрлени во виорот на бесмислени конфликти и опасни страсти“.
Освен на кинески јазик, романот „Нишан“, добитник на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „13 Ноември“, досега е објавен и на англиски, италијански, полски, српски, ерменски, бугарски, словенечки и арапски јазик, а наскоро ќе се појави и на [[унгарски, шпански и романски јазик.
„Нишан“ е прв македонски роман објавен во Ерменија, а за него меѓудругото се вели дека влегува во категоријата на „романописни чуда“, дело кое, и покрај сета своја сложеност и несомнена длабочина, освојува веднаш, како магија.
Освен на ерменски јазик, романот „Нишан“ досега е објавен и на српски јазик во Белград, а до средината на следната година ќе би објавен и на арапски во Каиро, на кинески во Шангај, на италијански во Милано, на бугарски во Софија и на словенечки јазик во издавачката куќа „Цанкарјева заложба/ Младинска книга“ во Љубљана.[2].