Тубетејка
Тубетејка (киргиски: тебетей; татарски: түбәтәй; руски: тюбете́йка) — крзнена капа кај туркиските народи во Средна Азија, застапена во Таџикистан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан, како и муслиманските подрачја во Русија (претежно меѓу Татарите).
На узбечки капата се нарекува дупи (doʻppi) или калпак (qalpoq), и се смета за особена ракотворба и важен дел од народната носија.[1] Може да биде црна, со сплесната квадратна основа.[2] Честопати имаат извезени мотиви за кои се смета дека штитат од непријатели и уроци, а носат бериќет и животна сила.[3]
Исто така, постои тренд меѓу сефардските и мароканските Евреи за носење на узбечки тубетејки во улога на верска капа, т.е. кипа (ермолка).
Меѓу Ујгурите, оваа капа се нарекува допа. На туркменски истата го носи името тахија („такија“).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Tubeteika suits everybody“. Архивирано од изворникот на 28 September 2007. Посетено на 11 July 2011.
- ↑ Mentges, Gabriele; Shamukhitdinova, Lola (2013). Modernity of Tradition: Uzbek Textile Culture Today. Waxmann Verlag. стр. 115. ISBN 978-3-8309-7906-7.
- ↑ Lovell-Hoare, Sophie; Lovell-Hoare, Max (8 July 2013). Uzbekistan. Bradt Travel Guides. стр. 117. ISBN 978-1-84162-461-7.
Надворешни врски
уреди- Тубетејка на Ризницата ?
- Историја на тубетејката Архивирано на 13 мај 2017 г. (руски)
- Татарски тубетејки (руски)