Шубара или Ќулав е вид на традиционална машка зимска капа која претставува дел од македонската, бугарската, влашката, романската и српската народна носија. Претежно се носела од балканските народи кои со векови биле под османлиско владеење, истата е во форма на конус или на цилиндар висок околу 10 см, над цилиндрчните шубари може да има крзно во кружна форма или платно.Шубарите со конусна форма можат да бидат високи и до 35 см (несметајќи ја висината на нестриженото крзно) истите најчесто во црна боја, бидејќи се прави од црно јагнешко или овчо крзно (астраган, стрижено крзно) може да биде и во други бои, бела, црно-бела, и мрка ( темно кафеава до црна) или од нестрижено крзно (такви најчесто се носат во Романија, источна Србија и северна Бугарија во регионот каде што живеат Шопите, напрани од бело нестрижено крзно) но поретко и од крзно од други животни.[1][2] Таа е традиционална капа на селско население , која се носи за време на остри и студени временски прилики, но и во летниот период најчесто во планинските предели каде временските услови и во лето често се менуваат, во летниот период под шубарата (ќулафот) се носела бела марама која повремено се процедувала од потта, а додека во зима околу шубарата ( ќулафот) и ушите се завиткувала бела марама која на едниот крај најчесто имала бели реси кои виселе на задната страна од главата. За наведеното сведочат и стари фотографии од овчари, земјоделци, еснафи , Војводи и комити. Шубарите можат да бидат и украсувани со гајтани и кокарди, такви шубари носеле припадниците на милитантите групи или организации.

Бела и црна шубара

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Natural resources and beauties of the Socialist Republic of Serbia, p. 87, при Гугл книги
  2. A Serbian village при Гугл книги