Трпчева Црква (Дуње)
„Трпчева Црква“
| |
Местоположба | 41°15′27″N 21°41′31″E / 41.25750° СГШ; 21.69194° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дуње |
Општина | Прилеп |
Тип | |
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Трпчева Црква— археолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Претставува населба, црква и некропола од средниот век.
Се наоѓа на просторот помеѓу селата Кален и Дуње, односно 2 км југоисточно од селото Кален или 2 м југозападно од селото Дуње, а на околу 300 метри лево од современиот пат Прилеп-Витолиште. Овде, на поголема површина се гледаат остатоци од разурнати градби меѓу кои централното место го зафаќа мал сакрален објект, со полукружна апсида и ѕидови од кршен камен и варов малтер, зачувани до еден метар висина. Во непосредната близина на овој објект, на површина од околу 300 - 500 м се гледаат остатоци од други градби. Во 1985/86 година мештаните самоиницијативно изградиле црква од камен и кал врз темелите на сакралната црква. Околу објектот има некропола од која се истражени 40 гробни целости. Пронајдено е дека се работи за едно слојна некропола на редови чии гробови се издлабени во ронлива карпа, а конструкциите им се изведени со делумно или целосно оградување од внатрешната страна на длабнатината, а има и гробови без оградувања. Гробниот инвентар е богат и главно се состои од предмети за украсување кои укажуваат дека почетоците на погребувањето се на крајот на IX и на почетокот на X век, а некрополата била употребувана и преку целиот XI век.[1]
Поврзано
уреди- Баево Трло — некропола од римското време;
- Грамаѓе - Голем Дол — населба од римското време;
- Дејчин Гроб — населба од доцноантичкото време;
- Малево Село - Лигураса — населба од римското време;
- Прчинога — населба од неолитското и доцноантичкото време;
- Дуње;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 299, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |