Три бои: Бела (филм)
Три бои: Бела (француски: Trois couleurs: Blanc) — филм на Кшиштоф Кишловски од 1994 година. Исто така, Кишловски е автор и на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјешевич. Главните улоги ги толкуваат: Збигњев Замаховски, Жули Делпи, Јануш Гајош, Јежи Стур, Александер Бардини, Гжегож Вархол, Јежи Трела, Јежи Новак, Цезари Пазура, Пјотр Махалица, итн. Во 1994 година, филмот бил номиниран за Европските филмски награди, а истата година, Кишловски ја освоил наградата „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.[1][2]
Содржина
уредиОткако го напушта сопругата Доминик (ја игра Делпи), разочараниот Карол (го игра Замаховски) сака да се врати во Полска, но нема ниту пари ниту пасош. Во метрото го среќава свјот сонародник Миколај (го игра Гајош), кој го пренесува Карол во авионот, скриен во куфер. Во Полска, Карол се враќа во својот поранешен фризерски дуќан, каде ради повремено, но сонува да стане богат за да го оствари својот план. Така, тој му станува соработник на еден менувач на девизи (го игра Пазура). Еднаш, тој ја искористува случајно добиената информација и купува земјиште на кое треба да се изградат магацини и трговски центри. Така, Карол се збогатува, по што основа своја трговска фирма и стекнува големо богатство. Тогаш, Карол решава да го оствари својот план за да ја сретне Доминик: купува убиен човек и си го организира сопствениот закоп на којшто присуствува и Доминик. Веднаш по закопот, Карол оди во нејзината соба и тие водат љубов. Меѓутоа, полицијата ја апси Доминик, сомневајќи се дека смртта на Карол не е случајна и дека таа е замешана. На крајот на филмот, Карол оди во затворот и низ прозорецот ја гледа Доминик во ќелијата.[2][3]