Трифко Андоновски
Трифко Андоновски (Маврово, 1924 - Тирана, 17 мај 1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ.[1]
Трифко Андоновски | ||
Роден | 1924 година Маврово, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 17 мај 1943 Тирана, Кралство Албанија Обесен во тиранскиот затвор | (возр. 18–19)|
Народност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од многу сиромашно печалбарско семејство. Уште како дете, по завршувањето на основното училиште во 1936 година, морал да замине на печалба во Белград. Таму го изучил столарскиот занает. Рано се сретнал со сите тешкотии на печалбарскиот живот, а посебно со сите облици на експлоатацијата на работниците. Прво како чирак, а подоцна ѝ како калфа, имал можност да се запознае со организираното, со напредното синдикално движење.[1]
Во Белград се задржал до летото 1941 година, кога учествувајќи во една акција бил затворен со една група другари од каде што успеале да побегнат, а потоа се вратил во своето родно село Маврово. Во Маврово веднаш се вклучил во народноослободителното движење, прво како младинец, а потоа и како член на СКОЈ. Тој активно работел на организирањето на младината, собирање на оружје, храна и други материјали. По природа бил мирен и дисциплиниран и секогаш безрезервно ги прифаќал поставените задачи. Без двоумење, со голема решителеност, ја прифатил задачата и во почетокот на 1943 година се заминал во Мавровскиот партизански одред „Кораб“.[1]
Викиизвор има текст за |
Во одредот бил запаметен како дисциплиниран и храбар борец. По разбивањето на одредот во Ново Село, Трифко заедно со уште неколку борци бил заробен и одведен во Тиранскиот затвор, каде бил осуден на смрт и обесен во 1943 година во дворот на Тиранскиот затвор. При заробувањето и престојот во затворот храбро се држел. Непосредно пред бесењето заедно со другите осудени борци извикувале револуционерни пораки и со стисната тупаница, херојски го дал својот живот за слободата на својата татковина.[1] Заедно со Трифко биле обесени: Илија Антевски - Смок, Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски и Драге Тодоровски.[2]
По повод нивната смрт со бесење, Комунистичката партија на Албанија издала леток.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 248.
- ↑ „Нашата бригада и братството со албанскиот народ“. www.marxists.org. Посетено на 2022-11-29.
- ↑ Алексиќ, Дејан (1985). Душко Поповиќ - Ѓоко. Скопје: Архив на Скопје. стр. 345–346.