Раде Угриновски (роден во Маврово во 1908 - починат во Тирана на 17 мај 1943) — македонски револуционер и партизан, член на Мавровско-гостиварскиот НОПО „Кораб“.

Раде Угриновски
1908 - 17 мај 1943(1943-05-17) (возр. 34–35)

Партизан и борец за слобода
Роден во:Маврово, Косовски Вилает, Османлиска Империја
Починал во:Тирана, Кралство Албанија
Период на служба:1941 - 1943
Чин: • Активист (до септември 1942 година)[1]  • Командир во замена (од септември 1942 година)[2]
Единици:Мавровско-Гостиварски НОПО Кораб
Командува/л со:Прв мавровски партизански одред[3][2]
Други занимања:Градежнички работник

Животопис

уреди

Период пред војната

уреди

Раде Угриновски е роден во Маврово како син на поп Михаило и неговата мајка Достанка, живееле во богато семејство. Пред да се приклучи во војната Раде завршил основно училиште во неговото родно село Маврово, а неговото школување го продолжил во тетовската гимназија каде завршил неколку години школување, а потоа се префрлил во Битола каде што продолжил земјоделско училиште. Меѓутоа Раде Угриновски, преживеал една случка која оставила трајни последици кои му го промениле животот, имено, играјќи со еден стар пиштол со неговото најдобро другарче, Раде случајно пукнал со пиштолот и смртно го ранил неговиот другар. Таа трагедија оставила трајна психичка траума кај Раде Угриновски и иако тоа било ненамерно, Раде чувствувал голема кривица и го напуштил родниот крај и отишол на печалба во Белград каде работел како ѕидарски работник. Раде Угриновски се сретнал со некои прогресивни идеи, читал напредна литература и за кратко време му се приклучил на напредното работничкото движење. Како поддржувач на тие идеологии, тој се вклучувал во неколку демонстрации, а подоцна бил и прислушан и приведен во полициска станица поради изјаснување за тој политички став.[4]

Период за време на војната

уреди

Непосредно по почетокот на војната, Раде Угриновски се вратил во родниот крај, Маврово, каде веднаш се вклучил во народноослободителното движење. Иако бил женет (за Деспина) и татко на четири деца, тој активно ѝ помагал на неговата партија во активностите како, собирање оружје и активисти, прехранбени производи и воени материјали, па и во воените акции. Раде Угриновски активно учествувал во војната во неговото село од 1941 до 1943 година. Во тој период Раде успеал да стекне авторитет и респект од страна на сопартијците.[4]

За неговата смрт

уреди

На 27 април 1943 година, Раде Угриновски и останати борци на Мавровскиот партизански одред во нивната акција за собирање на активисти и војни ресурси во Папрадно Ново Село биле нападнати од страна на балистичките сили на Џемо Хаса кој знаејќи дека војниците биле тука (најверојатно војниците биле издадени од страна на предавник од Ново Село) формирале круг околу селото и ги нападнале војниците од сите страни. Во таа престрелка, Раде Угриновски заедно со останати девет соборци бил заробен од страна на непријателските сили, тој бил пренесен во затворот во близина на градот каде престојувал неколку дена, а потоа бил пренесен во Тирана каде што бил измачуван со цел да ги предаде соборците. За време на нивното престојување во Тиранскиот затвор, на семејствата на заробените борци им бил испратен ултиматум според кој семејствата можат да ги ослободат своите заробени членови на семејството доколку биде испратена одредена сума на злато до Тиранскиот затвор каде биле сместени заробениците од Ново Село. Селаните на Маврово успеал да ја соберат одредената сума на злато на точно време и ја испратиле по некој патник од селото кој одел за Тирана, но наместо да ги одплатуи заробениците , патникот ги украл парите и ги употребил за лични потреби и побегнал. Па затоа на 17 мај 1943 на Раде Угриновски му било пресудено бесење. Во дворот на Тиранскиот затвор одбивајќи да прими цигара од својот Џелат извикувајќи партизански пароли , Раде Угриновски сам се фрлил на бесилката.[5][6]

Наводи

уреди
  1. Синадиновски & Груевски 1976, стр. 275.
  2. 2,0 2,1 Синадиновски & Груевски 1976, стр. 155.
  3. Синадиновски & Груевски 1976, стр. 152.
  4. 4,0 4,1 Синадиновски & Груевски 1976, стр. 246.
  5. Синадиновски & Груевски 1976, стр. 247.
  6. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1485. ISBN 978-608-203-024-1.