Трикладенец (Горни Стубол)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Трикладенец

Карта

Местоположба 42°0′47″N 22°4′41″E / 42.01306° СГШ; 22.07806° ИГД / 42.01306; 22.07806
Основни податоци
Место Горни Стубол
Општина Пробиштип
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Трикладенец — населба од доцноантичко време кај пробиштипското село Горни Стубол. На 3 км западно од селото, на тромеѓата помеѓу селата Секулица, Горни Стубол и Горно Барбарево, мештаните изградиле три кладенци, по еден за секое село. Околу нив на прилично голема површина се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според кажувањето, биле откривани остатоци од темели на ѕидови и притоа биле најдени повеќе бронзени монети.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 321. ISBN 9989649286.