Трајко Петковски
Трајко Стојанов Петковски ( 1920 Длабочица (Кривопаланечко) ― 19 декември 1944 во Перјане, Гнилане, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]
Трајко Петковски | ||
Роден | 1920 година Длабочица, Крива Паланка, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 19 декември, 1944 година Перјане, Гнилане, Србија | |
Почивалиште | Гробиштата во Мршевци | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно образование, па се доселил со семејството во селото Мршевци (Скопско), каде се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Седумнаесеттата македонска ударна бригада. По ослободувањето на Македонија, заминал со Бригадата да се бори против, преостанатите балистички банди на Косово. Во една од тие борби загинал, на 19 декември 1944 година кај селото Перјане, во близина на Гнилане. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во Мршевци.[1]