Трајко Блажев Крстевски

Трајко Блажев Крстевски ( 1925 во Куманово1944 во Глумово, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Трајко Крстевски
Роден 1925 година
Куманово, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Глумово, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Завршил основно училиште, а потоа продолжил гимназија сè до заминувањето во партизани. Произлегува од семејство што во НОВ дало повеќе борци. Уште како ученик се издвојувал со својот борбен дух. Токму поради неговата револуционерна природа им паднал во очи на училишните органи, кои без многу размислување сакале да го исклучат од училиште. Често доаѓал во кавги со членовите на тогашната фашистичка младинска организација Браник. Во август 1944 година, станал борец на Единаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во повеќе нејзини борби. Особено се истакнал во борбата против Германците кај Страцин. Веднаш потоа се префрлил во Третата македонска ударна бригада и во нејзиниот состав учествувал во борбите кај Свети Николе, Велес, Бабуна и други. Кон крајот на октомври 1944 година, во една борба против непријателот, во непосредна близина на селото Глумово, бил погоден од германска граната при што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 205–206. На |first= му недостасува |last= (help)