Тони Базил

американска пејачка, кореографка, танчерка, глумица и режисерка

Антонија Кристина Базилота (англиски: Antonia Christina Basilotta; родена на 22 септември 1943),[1] позната по нејзиното уметничко име Тони Базил (англиски:Toni Basil) ― американска пејачка, кореографка, танчерка, глумица и режисерка. Нејзината песна „Mickey“ се нашла на врвот на топ-листите во САД, Канада и Австралија и се пласирала во топ-10 во неколку други земји.

Тони Базил
Тони Базил во 2016
Роден(а)Антонија Кристина Базилота
22 септември 1943(1943-09-22)(81 г.)
Филаделфија, Пенсилванија, САД
ОбразованиеСредно училиште во Лас Вегас (матурант)
Занимање
  • Пејачка
  • танчерка
  • глумица
  • кореограф
  • режисерка
Активен период1964–денес
НаградиАмериканска награда за кореографија
Страница
tonibasil.net

Животопис

уреди

Базил е родена како Антонија Кристина Базилота на 22 септември 1943 година во Филаделфија.[2] Нејзиниот татко имал свој оркестар, а нејзината мајка глумела во водвиљ-драми.[3] Базил има италијанско потекло.[4]

Пораснала во Лас Вегас, каде што уште кога таа била дете нејзиното семејство се преселило поради работата на татко ѝ.[5] Во 1961 година, Базил завршила средно училиште во Лас Вегас, каде што била главна мажоретка.[5] Веќе позната по прекарот „Тони“, таа подоцна го вклучила своето навивачко искуство во нејзината танцова кариера, вклучувајќи ја и нејзината кореографија/изведба на „Мики“.[6] Навивачката униформа што ја носела на видеото е онаа што ја носела во средно училиште.[7]

Кариера

уреди

Танцова кариера

уреди

Базил почнала професионално да се занимава со танц уште како дете, но кариерата ја започнала како асистент-кореограф на Дејвид Винтерс и како танчерка на Шиндиг! , естрадна музичка емисија премиерно прикажана на ABC во 1964 година. Таа била главна танчерка во филмот од 1964 година <i id="mwLw">Забава во пижами</i>, и танчерка во филмот со Елвис Присли, Вива Лас Вегас.

Исто така, во 1964 година, таа му помагаше на кореографот Винтерс за концертниот филм од Стив Биндер T.A.M.I. Show.[8] [9] Во 1960-тите работела како кореограф во филмовите: Село на џинови (Village of the Giants) (1965), The Cool Ones (1967) и филмот со Monkees од 1968 година Глава (Head) во кој таа заедно со Дејви Џонс ја пејат песната „Daddy's Song“.

Во 1968 година, премиерно бил прикажан телевизискиот специјал за принцезата Грејс Кели, Монте Карло: Таа е роза.[10]

Во 1980 година, Базил била кореограф и корежисер на спотот за „Once in a Lifetime“ од Talking Heads. Таа повторно соработувала со Talking Heads и го режирала и кореографирала спотот за песната „Crosseyed and Painless“ Таа била кореограф за турнејата Diamond Dogs од Дејвид Боуви во 1974 година, неговата турнеја Glass Spider во 1987 година и неговото видео за „Time Will Crawl“ (1987). Таа долги години соработувала со Бет Мидлер, вклучително и нејзиното шоу во Лас Вегас од 2008/2009 година The Showgirl Must Go On. Во 2008/2009 година, била вонреден директор и кореограф на светската турнеја на Тина Тарнер, Tina!: 50th Anniversary Tour. Поради нејзината стручност како кореограф таа била поканета да биде гостин-судија во четвртата и петтата сезона на So You Think You Can Dance? од Fox Broadcasting Company. Покрај тоа, таа е заслужна за популаризирање на уличниот танц како основачки член и менаџер на The Lockers.[11]

Таа била кореограф на филмовите: Американски графити (1973), Роза (1979), Пеги Сју се омажи (1986), Нешто за зборување (1995), Тоа што го правиш (1996), Свадбата на мојот најдобар другар (1997),[12] Русокосата Адвокатка (2001), Русокосата Адвокатка 2 (2003), Војната на Чарли Вилсон (2007) и Зајачица на колеџ (2008).

Базил е еден од седумте оригинални Локери, улична танцова група која се смета за „групата која го промени лицето на танцот“. Во една статија од Dance Magazine од 2012 година, се наведува дека Базил е пионер во спојувањето на балетот со уличниот танц за делото кое таа го кореографирала за „Saturday Night Live“, „Лебедово езеро“ во 1978 година.[13]

The Lockers биле предгрупа и биле на турнеја со Френк Синатра, вклучувајќи настапи во Карнеги Хол.[14]

Таа била кореограф на филмот од Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ од 2019 година на 75-годишна возраст и се појавила во филмот, носејќи го нејзиниот заштитен знак „федора“ и танцувајќи со Марго Роби на летот со Пан Ам.

Музичка кариера

уреди

Музичката кариера на Басил започнала во 1966 година со сингл за A&amp;M Records, кој бил насловна песна за краткиот филм Breakaway.[15] Базил соло ја испеала свинг-џез-нумерата „Wham Rebop Boom Bam“ во првата сезона на Saturday Night Live. Таа и The Lockers се појавиле во Saturday Night Live за време на првата сезона, а исто така и во подоцнежните сезони на шоуто каде ја изведувале урбанизираната верзија на Лебедово езеро. Во 1976 година, потпишала договор со Warner Bros. Records, но не објавила материјал за оваа издавачка куќа.

Во 1982 година, нејзиниот сингл „Мики“ станал меѓународен хит. Песната е преработка на „Kitty“, објавена во 1979 година од британската група Racey. Спотот бил замислен, режиран и кореографиран од Базил за издавачката куќа со седиште во Велика Британија Radialchoice, пред почетокот на MTV во јули 1981 година.[16] Издадена била од Chrysalis Records во септември 1982 година во САД и во декември песната го соборила Лајонел Ричи од прво место на Billboard Hot 100. Била на врвот на топ-листата во Канада, каде што била издадена од Virgin Records. Плочата брзо добила златен сертификат и на почетокот од 1983 година станала платинеста сопродадени над 2 милиони примероци само во САД. Музичкото видео за „Мики“ било едно од најпопуларните први видеа на МТВ. Во видеото, Базил ја носи нејзината навивачка униформа од средното училиште во Лас Вегас каде што матурирала.[16] За време на интервју за „100-те најголеми песни на 80-тите“ на VH1, Базил рекла дека сè уште го го има истиот навивачки дрес кој го носела на видеото. Во 2009 година, VH1 ја рангирал „Мики“ на 6-то место на нивната листа од 100-те најголеми чуда со еден хит од 80-тите.[17] Во 2017 година, неуспешно ги тужела креаторите на Саут Парк поради употребата на песната во пародија за изборната победа на Барак Обама во 2008 година.[18][19]

Тони Базил снимила само два албума. Нејзиниот прв албум, Word of Mouth од 1982 година, го содржи нејзиниот втор Hot-100 сингл „Shoppin' from A to Z“.

Toni Basil (1983), нејзиниот истоимен втор албум, го донел нејзиниот трет и последен сингл на Hot-100, „Over My Head“, кој стигнал до 4-то место на американската денс-листа. Нејзината песна „Girls Night Out“ се појавил на саундтракот од филмот од 1986 година Modern Girls.

Глума

уреди

Базил својата кариера како глумица ја започнала со појавување во филмовите Easy Rider и Five Easy Pieces. Таа глумела и во други филмови, како: „Последниот филм“ (во режија на Денис Хопер), „Гризеровата палата“ (во режија на Роберт Дауни, Постариот), „Мајка, бокали и брзина“, „Село на џинови“, „Рокула“ (со Томас Долби) и „Рок-каспница“ . На телевизија се појавила во епизодите на Лаверн и Ширли (го игра Мики), Dark Justice и во Baywatch Nights како гатачка.

Награди и признанија

уреди

Базил ја добила наградадата Living Legend од Hip Hop International, била номинирана за Греми за долгометражно видео („Word of Mouth“) во 1983 година, номинирана за Еми и ја добила наградата за извонредно достигнување во кореографија за The Smothers Brothers во 1988 година,[20] има две MTV награди номинации, Американски награди за кореографија: четири номинации и две победи, вклучително и иноватор за животно дело и наградата за Театар Овација во Лос Анџелес: Уличен танц. Изложбите вклучуваат Музеј на модерна уметност: видеа и Музеј на уметност во Санта Моника: кратки филмови. Таа има добиено платинести и златни дискови во САД, Обединетото Кралство, Австралија, Канада, Филипини и Франција. Нејзиниот сингл „Мики“ бил инсталиран во Куќата на славните на рокенролот како еден од револуционерните синглови од 1980-тите.[21]

Наводи

уреди
  1. „Birthdays“. The Modesto Bee. The Associated Press. 2022-09-22. стр. 2A. Dancer/choreographer/singer Toni Basil is 79.
  2. „Toni Basil Biography“. Turner Classic Movies. Архивирано од изворникот на June 19, 2022. Посетено на June 19, 2022.
  3. „Toni Basil News & Biography“. Toni Basil The Authorized Site. 2012. Архивирано од изворникот на September 30, 2007. Посетено на August 26, 2012.
  4. Connell, William J.; Pugliese, Stanislao G. (2017). The Routledge History of Italian Americans. New York: Routledge. стр. 430. ISBN 978-1-135-04670-5.
  5. 5,0 5,1 Variety Staff (July 21, 2008). „Las Vegas who make the show go on“. Variety. Архивирано од изворникот на June 19, 2022.
  6. Willman, Chris (September 20, 2013). „Toni Basil at 70: Thirty Years Past Singing, But Still Cutting a Rug“. Yahoo! Music. Архивирано од изворникот на December 16, 2013.
  7. Sunday Morning (February 9, 2020). „Dance, dance, dance! Toni Basil has all the right moves“. CBS News. Посетено на February 10, 2020.
  8. „AFI|Catalog“. catalog.afi.com. Посетено на April 20, 2019.
  9. T.A.M.I. Show. 
  10. „Princess Grace to offer musical tour of Monaco“. Dayton Daily News. 91. 20 January 1968. стр. 3-A.
  11. Banes, Sally (1994). Writing Dancing in the Age of Postmodernism. Wesleyan University Press. ISBN 0819562688.
  12. My Best Friend's Wedding (1997) at IMDb
  13. Sommer, Sally (January 2012). „Balletic Breakin'. Dance Magazine. Архивирано од изворникот на October 16, 2012. Посетено на August 31, 2012.
  14. „The Lockers History“. The Lockers. 2012. Архивирано од изворникот на 2024-03-04. Посетено на August 31, 2012.
  15. 'Breakaway/I'm 28' single“. No Mickey Taking Here!. June 18, 2010.
  16. 16,0 16,1 „Mickey by Toni Basil“. Songfacts.com.
  17. Macnie, Jim (April 1, 2009). „100 Greatest One Hit Wonders of the 80s: Read the List“. VH1. Архивирано од изворникот на July 14, 2009. Посетено на April 22, 2022.
  18. Allegretti, Aubrey (September 1, 2017). 'Mickey' singer Toni Basil sues South Park“. London, England: Sky News. Посетено на September 1, 2017.
  19. Vogt, RJ (February 15, 2018). „Disney, Others Beat 'Mickey' Singer Toni Basil's TM Claims“. Посетено на July 23, 2022.
  20. „Primetime Emmy Award Database“. Emmys.com. 2012. Посетено на August 26, 2012.
  21. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди
  • Toni Basil discography at Discogs