Legally Blonde 2: Red, White & Blonde
Legally Blonde 2: Red, White & Blonde (исто така познат и само како Легална Русокоса 2), е продолжеток од 2003 година на филмот Легална Русокоса од 2001 година. Продуциран е од МГМ со Риси Витерспун која повторно се појавува како Ел Вудс, Лук Вилсон, Сели Филд, Регина Кинг, Брус Мекгил и Боб Њухарт. Иако приказната била сместена во Вашингтон,О.К., филмот бил снимен во канцелариите на Energy Solutions Arena (подоцна во Делта центарот), Utah State Capitol во Солт Лејк Сити во Јута, и Illinois State Capitol во Спрингфилд, Илиноис. Наводните „погледи од високо“ во филмот на зградите во Вашингтон биле намалени макети изградени од екипата.
„Легална Русокоса 2: Црвена, Бела и Руса“ | |
---|---|
Податотека:Легална Русокоса 2 film.jpg Theatrical release poster | |
Режисер | Charles Herman-Wurmfeld |
Продуцент | David Nicksay Marc E. Platt Jennifer Simpson Stephen Traxler Reese Witherspoon |
Главни улоги | Reese Witherspoon Sally Field Regina King Jennifer Coolidge Bruce McGill Dana Ivey Mary Lynn Rajskub Bob Newhart Luke Wilson |
Музика | Rolfe Kent |
Кинематографија | Elliott Davis |
Монтажа | Peter Teschner |
Дистрибутер | Metro-Goldwyn-Mayer |
Премиера | јули 2 2003 |
Времетраење | 95 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $45 милиони |
Бруто заработка | $124,914,842 |
Содржина
уредиЕл Вудс (Риси Витерспун) сака нејзината чивава, Брузер, да ја соедини со неговата мајка, бидејќи би сакала мајката на Брузер да присуствува на нејзината венчавка со Емет. Ел најмува детектив да ја најде мајката на Брузер, само за да дознае дека сопственикот на мајката на нејзиното куче е козметичка компанија која ја користи мајката на Брузер за тестирање. Таа дознава дека нејзината адвокатска компанија ја застапува корпорацијата C'est Magnifique.
Ел одлучува да го напушти Бостон, каде таа и Брузер се вселиле заедно со нејзиниот свршеник Емет, и да отпатува за Вашингтон О.К., за да работи на предлог- законот на Брузер. Ел е вознемирена дека мајката на нејзиното куче е во лабораторија за тестирање на шминка, и одлучува да го земе на себе багажот да биде „гласот на оние кои не можат да зборуваат“ и да го забрани тестирањето врз животните.
Додека работи со конгресменката Викторија Руд (Сали Филд), Ел се судира со скептицизам и други бариери поврзани со политиката во Вашингтон. Тимоти, еден од вработените кај Руд, саркастично ја нарекува „Капитол Барби“. (Постои Барби кукла заснована на Ел Вудс). После серија на подеми и паѓања вклучувајќи го и пропаднатиот обид да ја подобри нејзината работна средина со тоа што нејзините колеги требало да напишат комплименти еден за друг и да ги остават во „чашата за комплименти“ , Ел почнува да ја губи довербата во политиката на Вашингтон.
Како што се развива приказната, Ел открива дека Брузер е всушност хомосексуалец, откако е контактирана од „The Paws that Refreshes: A Doggy Day Spa“. Брузер го привлекува ротвајлерот Лесли, чиј сопственик е конгресменот Стен Маркс (Брус Мекгил),кој е претседавач на комитетот за енергија и комерција и кој има јурисдикција врз Брузеровиот предлог- закон. Ел исто така дознава дека конгресменката Либи Хаузер (Дана Ајви), високо рангиран член на истиот тој комитет, била член и на Делта Ну (здружението од првиот филм). Како резултат на тоа, и двете, и Маркс и Хаузер, се наклонуваат на страната на Ел и најпосле и даваат поддршка за Брузеровиот прелог-закон.
Ел исто открива дека конгресменката Руд всушност работи против неа. Руд тоа го прави за да ги задоволи интересите на главниот дарител на кампањата „Боб“ ( кој никогаш не е виден, но со кој Руд има неколку телефонски разговори). Сепак, Руд на крајот е уценета да ја подржи петицијата на Ел, бидејќи шефот на персоналот, Грејс Роситер (Регина Кинг), наслушнува снимен разговор каде што Руд признава дека работи против тужбата на Брузер за да му помогне на нејзиниот спонзор кој сака да продолжи со тестирањето врз животните.
Како што Грејс е вџашена од тоа дека Руд ја лажела Ел и дека ја окривила неа, Грејс и Ел најпосле создаваат заедничко почитување, посебно после признавањето на Грејс дека кога дошла во Вашингтон O.K., била со сличен ентузијазам како Ел, но дека подоцна го изгубила тој идеализам откако открила колку политиката можела да биде валкана.
Со помош на нејзините пријатели, петицијата на Ел е успешна, и Брузеровиот предлог-закон е изгласан. Ел и Емет се венчаваат во паркот на О.К., иако не во паркот Фенвеј како што планирале, стоејќи на камен плочата која била доставена во О.К. од UPS момчето (Брус Томас). Во финалната сцена од филмот кога Емет прашува каде да живеат, Ел, поминувајќи со автомобил покрај Белата Куќа, одговара „О, мислам дека знам на кое место“.
Прифаќање на филмот
уредиИако глумата на Витерспун била високо признаена, фимот сè на сè добил претежно негативни критики, и стигнал на 21во место на списокот на Entertainment Weekly за „25 најлоши продолженија некогаш направени“ . Моментално има 38 проценти на Rotten Tomatoes, критиките се дека „шегата со блондинката е помалку смешна по вторпат“.
Заработка
уредиФилмот стартувал во средата пред 4 Јули во 2003 година и заработил приближно 40 милиони долари до понеделникот. Сепак, следниот викенд филмот не можел да се пофали ни со пола од тоа и во следните викенди бргу ги напушта кино салите. Со заработка од околу 90 милиони долари во САД, филмот бил успех за студиото, иако многумина очекувале да биде успешен како и последниот голем филм на Витерспун, Sweet Home Alabama.