Томо Софрониевски

политичар

Томо Софрониевски (Тетово, 18 април 1920 - Скопје, 18 ноември 2007) — македонски првоборец и политичар[1].

Животопис

уреди

Софрониевски е роден во Тетово на 18 април 1920 година во сиромашно и работничко семејство. Како припадник на работничкото движење во 1938, бил и член на КПЈ (1940). Тој бил еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941). Ја извршувал и функцијата секретар на МК на КПЈ и бил член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и член на ОК на КПЈ (од 1942 до 1943) и на Првиот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на НО баталјон „Орце Николов“ во 1943 година и командант на Военото подрачје за Кичево и Тетово (1944). По Ослободувањето извршувал разни општествени функции. Бил претседател на СЗБ од НОВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941[2]. Починал во Скопје во на 18 ноември 2007 година[3].

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. ДАРМ - Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“
  3. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Томо Софрониевски“. 20 ноември 2007. Посетено на 2009-10-27.[мртва врска]