Томаш Дворжак

чешки атлетичар
(Пренасочено од Томаш Дворак)

Томаш Дворжак (чешки изговор: [ˈtomaːʃ ˈdvor̝aːk]) (роден на 11 мај 1972 г.) е чешки атлетичар кој се натпреварува во дисциплините десетобој и седмобој.

Томаш Дворжак
Лични податоци
Роден(а)11 мај 1972(1972-05-11)(52 г.)
Злин, Чешка
Висина&100000000000001860000001,86 м
Тежина88 kg (194 lb)
Спорт
Земја Чешка
СпортАтлетика
ДисциплиниДесетобој

Тој е трикратен светски шампион (1997, 1999, 2001) и поранешен светски рекордер (8,994 бода постигнати во Прага, 1999). Неговиот светски рекорд бил соборен од сонародникот Роман Шебрле во 2001 година. На Летните олимписки игри 1996 во Атланта, Дворак го освоил бронзениот медал со резултат од 8664 бода.

Дворжак го најавил своето повлекување од атлетиката во јули 2008, откако не успеал да се квалификува за Летните олимписки игри 2008. Тој сега работи како тренер.

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Резултат Место Датум
100 метри 10.54 Гецис, Австрија
Прага, Чешка
3 јуни 2000
3 јули 1999
Скок во далечина 8.07 метри Едмонтон, Канада 6 август 2001
Фрлање ѓуле 16.88 метри Прага, Чешка 13 мај 2000
Скок во височина 2.09 метри Гецис, Австрија 3 јуни 2000
400 метри 47.56 Атина, Грција 5 август 1997
110 метри со пречки 13.61 Атина, Грција 6 август 1997
Фрлање диск 50.28 метри Турнов, Чешка 21 мај 2000
Скок со стап 5.00 метри Едмонтон, Канада
Атина, Грција
7 август 2001
6 август 1997
Фрлање копје 72.32 метри Прага, Чешка 4 јули 1999
1.500 метри 4:27.63 Париз, Франција 27 август 2003
Десетобој 8.994 бодови (ДР) Прага, Чешка 4 јули 1999

Надворешни врски

уреди


Рекорди
Претходник
  Дан О'Брајен
Светски рекордер во десетобој
4 јули 1999 – 27 мај 2001
Наследник
  Роман Шебрле
Награди
Претходник
Мартин Доктор
Доминик Хашек
Чешки спортист на годината
1997
1999
Наследник
Доминик Хашек
Јан Железни
Претходник
  Џонатан Едвардс
Европски атлетичар на годината
1999
Наследник
  Јан Железни