Томас Семјуел Кун

Томас Семјуел Кун (англ. Тhomas Samuel Kuhn) (18 јули 1922 - 17 јуни 1996) бил еден од најдобрите интелектуалци, историчари и филозофи на науката во 20 век. Со својата книга „Структура на научната револуција“ од 1962 година, влијаел врз академнските кругови, но и врз усовршувањето на науката. Четири децении после објавувањето, темите на Куновите дела и натаму не се исцрпени. Починал од рак во 73 година од животот.

Томас Семјуел Кун
Роден(а)Томас Семјуел Кун
јули 18, 1922(1922-07-18)
Синсинати, Охајо, САД
Починал(а)јуни 17, 1996(1996-06-17) (возр. 73)
Кембриџ, Масачусетс, САД
УстановаХарвард
Периодфилозофија од 20 век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаАналитична филозофија
Претежна дејност
Филозофија на науката

Животопис

уреди

Томас Кун, синот на инженерот Семjуел Кун и Минете Строк Кун, роден е во Синсинати, во државата Охајо, на 18 јули 1922 година. Завршил училиште во Ватертаун, во 1940 година, добивајќи ја наградата за посебна заинтересираност и ангажирање во областа на математиката и физиката. Дипломирал на Харвард во 1943 година, а подоцна на истиот универзитет и докторирал. Предавал на големи светски универзитети, како Харвард, Беркли и Пристон. Додека бил во Беркли го напишал своето најпознато дело „Структура на научните револуции“.[8] Бил оженет двапати и имал три деца. Во 1994 година му е дијагностициран рак во градите, од што после две години подоцна умрел.

Состав на научната револуција

уреди

Состав на научната револуција (англиски: The Structure of Scientific Revolutions) е објавена првобитно како статија во Интернационалната енциклопедија, како спој од науки (англ. International Encyclopedia of Unified Science) од страна на филозофите од Виенскиот кружок. Го отсликува развојот на науката на начин до којшто до тогаш не беше прикажан. Научното истражување се сосотои од делови или пасуси коишто ја сосотојат формалната теорија, класичниот експеримент и проверен метод. Научниците, природно, ја прифаќаат моменталната доминантна теорија, и пробуваат да ја прошират дополнително објаснувајќи други теории, збунувачки податоци и воспоставувајќи прецизни мерки на стандардот и на појавата. Тоа може да доведе до нерешителни теоретски или експериментални проблеми кои ги истакнуваат прецизните мерки, стандарди и појава. Тоа може да доведе до нерешителни теоретски или експериментални проблеми кои ја истакнуваат самата парадигма. Единствено решение тогаш претставува удвојување на новата парадигма. Коперниковиот хелиоцентричен систем и замената на Њутновата механика со општата теорија на релативните рабори, се примери на смената на две парадигми. Доаѓа до прашање и традиционалниот концепт на научниот напредок, како постепено, кумулативно стекнување на знаењето, кое подразбира рационално избрани експериментални заедници. Кун тврди дека всушност парадигмата ја одредува типот на експерименти кои ќе се користат научно, прашањата коишто ќе ги постави, како и проблеми кои ќе се сметаат за важни. Смената на парадигни воедно и ги инспирира научниците да ги умерат различно своите истражувања.

Концептот на Куновите парадигми пронајде широка примена во областа на политичката наука, економија, социологија и менаџмент.

Делото на Кун

уреди

Кун својот академски живот го започнал како физичар. Потоа се определува за историја на науката, за да подоцна го заинтересира и филозофијата на науката. Напишал три книги, Коперникова револуција (англ. The Copernican Revolution), втората е Структура на научната револуција а во третата се истакнати неговите најважни истражувања (англ. The Essential Tension). Во првата книга објавена во 1957 година, Томас Кун го проучува развојот на хелиоцентричниот систем. Историчар на науката, по него има две неамбициозни задачи - да открие кој и кога открил некоја теорија или закон и да објасни како дошло до тешкотии или евентуални грешки. Напишаната историја на науката на тој начин, претставува лошо напишан туристики водич, вели Кун, затоа што претпоставува дека однапред се знае што е реално, а што не. Историчарот избира некоја од понудените алтернативи, што доведуваат до интелектуални стагнации. Тоа е предуслов за радикален почеток. Оваа тема е обработена во неговото најпознато дело, во кое ја истакнува идејата дека научниот развој е основан на парадигма.[9]

Библиографија

уреди
  • Кун, Т. С. Коперникова револуција. Кембриџ: Лист Универзитет Харвард. 1957. ISBN 978-0-674-17100-8.
  • Кун, T. С. Значењето на мерењето во современата физичка наука. Исис, 52 (1961): 161-193.
  • Кун, T. С. Структура на научната револуција. Чикаго: Лист Универзитет Чикага. 1962. ISBN 978-0-226-45808-3.
  • Кун, T. С. "Значењето на догмата во научното истражување". Њујорк и Лондон: Basic Books and Heineman, 1963.

Наводи

уреди
  1. Thomas S. Kuhn, The Structure of Scientific Revolutions. Chicago and London: University of Chicago Press, 1970 (2nd ed.), p. 48.
  2. 2,0 2,1 Thomas S. Kuhn, The Structure of Scientific Revolutions. Chicago and London: University of Chicago Press, 1970 (2nd ed.), p. 44.
  3. Robert J. Richards, Lorraine Daston (eds.), Kuhn's 'Structure of Scientific Revolutions' at Fifty: Reflections on a Science Classic, University of Chicago Press, 2016, p. 47.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Thomas S. Kuhn, The Structure of Scientific Revolutions. Chicago and London: University of Chicago Press, 1970 (2nd ed.), p. vi.
  5. Burman, J. T. (2007). „Piaget No 'Remedy' for Kuhn, But the Two Should be Read Together: Comment on Tsou's 'Piaget vs. Kuhn on Scientific Progress'“. Theory & Psychology. 17 (5): 721–732. doi:10.1177/0959354307079306.
  6. Thomas S. Kuhn, The Structure of Scientific Revolutions. Chicago and London: University of Chicago Press, 1970 (2nd ed.), p. 146.
  7. Thomas S. Kuhn, The Structure of Scientific Revolutions. Chicago and London: University of Chicago Press, 1970 (2nd ed.), p. 27.
  8. Alexander Bird (2004), Thomas Kuhn, Stanford Encyclopedia of Philosophy
  9. "Last interview with Niels Bohr by Thomas S. Kuhn, Leon Rosenfeld, Aage Petersen, and Erik Rudinger at Professor Bohr's Office, Carlsberg, Copenhagen, Denmark Saturday morning, November 17, 1962". Oral History Transcript — Niels Bohr. Center for History of Physics. 1962-11-17. Retrieved 2015-10-05.