Тимочката буна (филм)

„Тимочката буна“ (српски: Тимочка буна) – српски и југословенски филм од 1983 година, во режија на Жика Митровиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Драгомир Бојаниќ - Гидра, Весна Чипчиќ и Данило Лазовиќ.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се случува во средината на октомври 1883 година за време на големиот бунт против кралот Милан Обреновиќ. Лазар (го игра Самарџиќ) е учител во едно мало место во Тимочка Краина. Тој е вљубен во една млада Австријка, а покрај љубовта, нив ги поврзува и бунтовниот дух против неправдата и тиранијата. Од друга страна, неговиот брат Сибин (го игра Живојиновиќ) е кралски офицер кој е верен на кралот и на традицијата така што смета дека приклучувањето на брат му кон востанието е чекор против честа на семејството.

Наводи

уреди