Весна Чипчиќ (Белград, 23 март 1954) е српска филмска, ТВ и театарска глумица.

Весна Чипчиќ
Родена 23 март 1954( 1954-03-23)
Белград, СФР Југославија
Весна Чипчиќ

Животопис уреди

Таа е родена во Белград, и израснала во Кикинда.

Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград во класата на Проф. Миленко Маричиќ во 1977 година. Нејзините родители биле просветни работници и нејзина голема поддршка.

Таа била член на Театарот на Теразиите (1975-1979), а од 1979 година е член на БДП. Гостувала во неколку изведби на Народниот театар и ЈДП. Остварила значајна улога во некои претстави, филмови, ТВ драми и серии.

Стекнала многу популарност со улогата на Весна Шурдиловиќ во ТВ серијата "Топол ветер" од 1980 година.

Во својот матичен театар, БДП, играла во претставите "Долго патување во Европа", "Ѓаволот не спие", "Харолд и Мод", "Оскар и мама Роз", "Федерико", и др.

Една е од ретките српски глумици кои соработувале со Питер Јустинов и Паоло Мачелиј.

Таа била во брак со глумецот Александар Алач и со него има ќерка Ања Алач и син Иван (Вања).[1]

Награди и признанија уреди

Ја добила наградата " Глумечки пар на годината" со Љубиша Самарџиќ 1980 година и Повелбата на улогата на Кове во Мојковац 1992 година.

Улогите во претставите: уреди

  • Орестија (Еринија)                                          Вечерва импровизирам (Успешна ќерка)
  • Харолд и Мод (Ненски Транс)
  • Г-ѓа министерка (Анка).
  • Опера за три гроша (Џени)
  • Весели жени Виндзорски (Г-ѓа Форд)
  • Долго патување во Европа (Кралицата Милена)
  • Балкон (Ирма)
  • Стапица
  • Сентандејска рапсодија

Улогата уреди

Филмографија на глумицата Весна Чипчиќ
Год. Име Улога
1970.
1976. Џангризало подготвувачка во хотелот
1976. Два другари
1976. Прв гарнизон
1978. Кај Камиле Келнерка Розика
1978. Љубов во единаестта
1979. Седум плус седум Весна
1979. Паметам
1979. Жестоки години
1980.
1980. Момент
1980. Авантурите на Боривоје Шурдиловиќ Весна Шурдиловиќ
1980. Топол ветар Весна Шурдиловиќ
1980. Само за двајца Катарина - стјуардеса
1981. Имаме настап (ТВ филм)
1981. Наши песници (ТВ серија)
1981. Кралски воз Руле
1981. Љуби, љуби, но глава не губи Елза
1982. Поп Чира и поп Спира Меланија
1983. Каков дедо таков внук Елза
1983. Тимочка буна кралица Наталија Обреновиќ
1983. Иди ми, дојди ми Елза
1984. Уби или пољуби Митината жена
1984. Што се случува кога љубов ќе се роди Елза
1984. Memed My Hawk
1984. Нема проблема медицинска сестра
1984. Формула 1 (серија)
1985. Жикина династија Елза
1985. Томбола
1985. Ада
1986. Секула и неговите жени Џина
1986. Освета Јелена
1987. Не ја знаете вие Мартина
1989. Мистер Долар (ТВ) Маришка
1990.-те
1992. Жикина женидба Елза
1993. Три карти за Холивуд учителка
1997. Покондирена тиква Фема
1998. Никољдан 1901. година Јованка Опалиќ
2000.-те
2001. Харолд и Мод
2002. Заедничко патување Вујичевата жена
2003. М(ј)ешовити брак Вања
2004. О штетности дувана Клеопатра Жигалов
2006. Од денес до утре
2008. Крв не е вода
2010.-те
2012. Шешир професора Косте Вујића Министрова жена
2013. Звездара (ТВ серија) Анѓа
2013. Шешир професора Косте Вујића (ТВ серија) Министрова жена
2016. ЗГ 80 Баба на цести

Наводи уреди

Литература уреди

  • Кој е што (кој е кој), Biblioth, Белград, 1995.

Надворешни врски уреди