Тимоти Спол
Тимоти Леонард Спол, ОБИ (роден на 27 февруари 1957 г.) — англиски глумец. Тој станал познат во Обединетото Кралство по улогата во комичната серија Ауфвидерзен, Пет од 1983 година.
Тимоти Спол ОБИ | |
---|---|
Спол на Канскиот филмски фестивал во 2014 година | |
Роден(а) | Тимоти Леонард Спол 27 февруари 1957 Лондон, Англија |
Живеалиште | Лондон, Англија |
Националност | Британско |
Занимање | Глумец |
Сопружник | Шејн Спол (в. 1981) |
Деца | 3 |
Спол добил критички пофалби за улогата во Тајни и лаги (1996), за која бил номиниран за наградата ВАФТА за најфобар глумец во главна улога. Подоцна, тој глумел во Последниот самурај (2003), го играл Питер Петигру во филмскиот серијал Хари Потер (2004-2010), Алберт Пирпоинт во Пирпоинт (2005), Бидл Бамфорд во Свини Тод - Монструозниот бербер од улицата Флит (2007), Питер Тејлор во Проклетиот Јунајтед (2009) и Винстон Черчил во Говорот на кралот (2010). Спол исто така глумел во телевизискиот документарен филм Тимоти Спол: ...на море (2010–2012).
Во 2014 година, Спол ја освоил наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал за изведбата на ликот на Вилијам Тарнер во биографскиот филм Господин Тернер.[1]
Ран живот
уредиСпол, трет од четири сина во семејството, е роден во Лондон. Неговата мајка, Силвија, била фризерка, а неговиот татко, Јозеф Л. Спол, бил поштенски работник.[2][3][4][5] Тој изучувал глума на националниот младински театар и на Кралската академија за драмски уметности, каде добил награда за најперспективен глумец во својата година.
Личен живот
уредиСпол и неговата сопруга Шејн имаат три деца: Палскал (роден во 1976 г.), Рејф (роден во 1983 г.), кој исто така е глумец, и Мерседес (родена во 1985 г.). Тој живее во предградието Форест Хил,[6] во југоисточен Лондон.[7][8]
Во 1996 година, на Спол му била дијагностицирана акутна мијелоцитна леукемија, но оттогаш состојбата му е подобрена.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Awards 2014 : Competition“. Cannes. Архивирано од изворникот на 23 October 2013. Посетено на 25 May 2014.
- ↑ Deborah Ross (12 January 2008). „Timothy Spall: Lucky Tim – Features – Films“. London: The Independent. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ „Timothy Spall: Victim of his own success – Profiles – People – The Independent“. London: News.independent.co.uk. 30 март 2006. Архивирано од изворникот на 10 January 2008. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ „You'll know the face“. www.smh.com.au. 17 January 2004. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ „timedetectives.co.uk“ (PDF). Посетено на 13 February 2013.
- ↑ Lynn Barber (30 September 2002). „Timothy Spall: Cruise, characters and chemotherapy | Film | The Observer“. London: Film.guardian.co.uk. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ Stuart Jeffries (5 November 2007). „Stuart Jeffries talks to Timothy Spall | Film | The Guardian“. London: Film.guardian.co.uk. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ „Timothy Spall goes down to the sea“. London: Telegraph. 24 April 2010. Посетено на 30 January 2012.
- ↑ „/ Arts / Film & Television – Nothing to lose, everything to enjoy“. Ft.com. 8 April 2006. Посетено на 13 February 2013.
Надворешни врски
уреди„Тимоти Спол“ на Ризницата ? |
- Тимоти Спол на Семрежната филмска база на податоци (англиски)