Тивкиот човек (филм од 1952)

Мирниот човек (англиски: The quiet man) - американски филм (романтична комедија) од 1952 година во режија на Џон Форд, по сценариото на Френк С. Нуџент, а според краткиот расказ Green Rushes на новинарот Морис Волш од 1933 година. Главните улоги ги играат: Џон Вејн, Морин О'Хара, Бери Фицџералд, Виктор Меклаглен, Милдред Нетвик, Френсис Форд, Ејлин Кроу, Артур Шилдс, Џејмс О'Хара, Шон Меклори итн. Музиката за филмот е дело на добитникот на „Оскар“, Виктор Јанг. Филмот, кој е втор од трите филма на Форд за продуцентската куќа Republic Pictures, бил сниман на оригинални локации во Ирска. Во 1953 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ за најдобра режија и за најдобра фотографија (на Винтон Ц. Хох), а бил номиниран и во категориите: најдобар филм, најдобро сценарио, споредна машка улога, сценографија и звук. Покрај тоа, филмот бил награден на фестивалот во Венеција, а бил номиниран и за „Златен глобус“ во две категории.[1]

Џон Вејн и Виктор Меклаглен во филмот се ракуваат, Вард Бонд меѓу нив во позадина.

Содржина уреди

Дејството на филмот се случува во Инисфри (Innisfree), мало провинциско место во Ирска, во 1920-тите. Свештеникот Питер Лонерган (го игра Бонд) се сеќава на еден пролетен ден кога од возот слегол Шон Торнтон (го игра Вејн). Неговото пристигнување го привлекло вниманието на жителите на Инисфри, но речиси никој не знаел дека тој е син на нивните мештани кои своевремено емигрирале. Принуден самиот да заработува за живот, Шон почнал да се занимава со бокс, а од тие времиња тој има трауматични сеќавања. По доаѓањето во Инисфри, Шон се вљубува во црвенокосата девојка Мери Кејт Денахер (ја игра О'Хара), но не знае дека таа му е сестра на богатиот фармер Скваер Вил Денахер, наречен „Црвениот“ (го игра Меклаглен), со кого наскоро ќе мора да се судри. Навистина, штом Шон ќе одлучи од богатата вдовица Тилејн (ја игра Нетвик) да ја откупи својата стара семејна куќа, тоа го вознемирува Скваер, кој го посакува неговиот имот. Така започнува серија неволји и сплетки чии сведоци се и симпатичниот локален пијаница Флин (го игра Фицџералд) и отмената госпоѓа Елизабет Плејфер (ја игра Кроу)...[2]

Наводи уреди

  1. „www.hrt.hr (пристапено на 15.6.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-09-23. Посетено на 2017-09-18.
  2. „www.hrt.hr (пристапено на 15.6.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-09-23. Посетено на 2017-09-18.