Романтична комедија (филм)
Романтична комедија е филмски жанр на кој најчесто ја разработува темата на љубов помеѓу две личности. Најчесто во романтичните комедии се работи за вистинска љубов помеѓу двајцата протагонисти кои најчесто се запознаваат на многу интересен начин или пак започнуваат врска само поради некој заплет на околности, се вљубуваат меѓу себе и прават сѐ за да останат заедно. Многу често и двајцата протагонисти &ndash мажот и жената, имаат најмалку двајца најдобри пријатели кои исто така имаат интересен живот. Постојат многу малку романтични комедии кои повеќе се вртат околу комичните делови отколку кон романтичните.
На ТВ
уредиВо последните неколку години на телевизија се појавуваат сè повеќе серии со карактер на романтична комедија од кои најпознати се: Сексот и градот(иако оваа серија се врти околу други работи и повеќе се врти околу комедијата сепак има доволно сцени и случки да се смета за романтична комедија), Али Мекбијл(серијата се врти околу адвокатските случаии за кои е ангажирана Али но и за нејзиниот љубовен живот па и љубовниот живот на пријателите), Вовед во анатомија(серијата се врти околу медицински случаи кои се доста комични но некогаш и сериозни и околу љубовните животи на ликовите најпозната врска а и врската поради која е и оваа серија романтична комедија е врската на протагонистот Мередит Греј која е млада стажистка и неврохирургот Дерек Шепард,Приватна пракса(спин оф на Вовед во анатомија чија прва сезона емитуваше само 9 епизоди и беше прекината поради штрајкот на сценаристите таа продолжува од септември со втора сезона што значи дека сѐ уште не се знае каков вид на серија е оваа серија но бидејќи е спин оф на Вовед во анатомија се претпоставува дека е романтична комедија).
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |