Теј
Теј (англиски: Tay, гелски: Tatha) — најдолга река во Шкотска и најполноводна на целите Британски Острови. Извира во западниот дел на земјата, од падините на планината Бен Луј (Beinn Laoigh), па тече во источен правец низ Горите, минува низ езерата Лох Дохарт, Лох Јуир и Лох Теј, па продолжува на исток низ Страттеј, во средиштето на земјата. Потоа тече во југоисточен правец, минува низ градот Перт и завршува ужно од градот Данди во устието на заливот Тејски Ферт, кој води во Северното Море.[1] Сливното подрачје зафаќа околу 5.200 км2 (за споредба, сливот на Твид зафаќа 3.900 км2, а оној на Спеј покрива 2.840 км2.
Теј | |
Tay, Tatha | |
Теј во центарот на Перт
| |
Земја | United Kingdom |
---|---|
Дел | Шкотска |
Притоки | |
- леви | Лајон, Тамел, Ајла |
- десни | Олмонд, Ерн, Бран |
Извор | Алт Коре Леј |
- место | Вен Луј, Шкотски Гори, UK |
- височина | 720 м |
- координати | 56°23′07″N 4°47′36″W / 56.38528° СГШ; 4.79333° ЗГД |
Утока | Тејски Ферт, Северно Море |
- местоположба | меѓу Перт и Данди, UK |
- височина | 0 м |
- координати | 56°21′18″N 3°17′54″W / 56.35500° СГШ; 3.29833° ЗГД |
Должина | 188 км |
Слив | 4.970 км2 |
Истек | во Балахи |
- просечен | 169 м3/с |
- максимален | 1.965 м3/с |
- минимален | 11 м3/с |
Течение
уредиТеј настанува со слевање на голем дел од долните водотеци на Горите. Извира од падините на планината Бен Луј, само 32 км од крајбрежното гратче Обан во Аргајл и Бјут.[1] Во горниот дел од сливот носи различни имиња: прво Кониш, па Филан, за потоа да се претвори во реката Дохарт која на крај се влева во Лох Теј кај Килин.
Реката истекува од Лох Теј кај Кенмор и се упатува кон градот Перт кој некогаш бил најниско премостливо место. Приближувајќи се кон заливот Тејски Ферт, реката станува плимна. Најголем град по нејзиното поречие е Данди, сместен на северниот брег на реката. Од изворот до Северното Море, течението на Теј минува вкупно 193 км, протегајќи се во правец запад-исток низ средината на Шкотска.
Необично за реките во Шкотска е тоа што Теј има неколку покрупни притоки, од кои позначајни се Ерн, Ајла, Тамел, Олмонд и Лајон.[1]
Екологија
уредиРеката и поречието се одликуваат со висок степен на биоразновидност и затоа се прогласени за Место од посебен научен интерес (SSSI). Теј е познат по застапеноста на атлантскиот лосос (Salmo salar), бисерната школка (Margaritifea margaritifera) и видрата (Lutra lutra).[1] Бисерната школка е еден од најзагрозените видови во Шкотска, а во Теј живеа дури две третини од сите вакви школки во светот.[2]
Во последно време се забележува и присуството на европскиот дабар (Castor fiber), кој е вратен во Шкотска по цели 400 години.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 River Tay, United Kingdom (PDF) (Report). Peer-Euraqua network of hydrological observatories. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-01-24. Посетено на 2010-12-29.
- ↑ River Tay Special Area of Conservation (PDF) (Report). Scottish Natural Heritage. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-05. Посетено на 2011-04-16.
Галерија
уреди-
Смитоновиот Мост на Теј во Перт
-
Теј од ридот Кинул зиме
-
Слевањето на реките Ерн (лево) и Теј
-
Поглед преку Теј кон Фајф
-
Брохтискиот замок кај Данди
Надворешни врски
уреди- „Историска перспектива за реката Теј“ (англиски). Речник на географските поими во Шкотска. Архивирано од изворникот на 2009-06-23. Посетено на 2010-02-13. (англиски)
- Развојот на старото градско јадро на Перт (англиски)