Твид (гелски: Abhainn Thuaidh, англиски: River Tweed) — река која тече низ Граничниот регион во Шкотска и Англија, во должина од 156 км. Извира во Твидсмјур во Твидс Вел близу сливот на реката Клајд, и изворот на реката Анан. Поминува низ целиот Граничен регион. Во долниот тек близу местото Берик на Твид навлегува во Англија и продолжува уште 27 км. Реката Твид е позната по големиот фонд на лосос.

Твид
Abhainn Thuaidh
River Tweed
Река
Твид кај Колдстрим
Земја Велика Британија
Part Шкотска, Англија
Извор Твидс Вел
 - место Твидсмјур, Шкотски Граници, Шкотска
Утока Северно Море
 - местоположба Берик на Твид, Нортамберленд, Англија
Должина 156 км

Реката поминува низ неколку позначајни места, и тоа: Пиблс, Галашилс, Мелроуз, Келсо, Колдстрим и Берик на Твид, кајшто се влева во Северното Море.

Долината на реката Твид е интересна од аспект на ледничката историја на Британија. Тлото на долината во која тече реката е драмлинско поле и претставува остаток од прастар ледотек кој поминувал низ областа.

Твид е единствената река во Англија кајшто не треба дозвола за рибарење со трска.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди