Таџичка Советска Социјалистичка Република
(Пренасочено од Таџичка ССР)
Таџичката Советска Социјалистичка Република била една од републиките на Советскиот Соjуз. Таа била образувана на 14 октомври 1924 како Таџичка Автономна Советска Социјалистичка Република (Таџичка АССР) во составот на Узбекистанската ССР.
Девиза: Пролетарҳои ҳамаи мамлакатҳо, як шавед! | |
Главен град | Душанбе |
Образувана | 14 октомври 1924 |
Во составот на СССР | од 14 октомври 1924 до 26 декември 1991 |
Површина |
143 100 км2 8-та во СССР |
Население |
5 112 000 луѓе (1989) 8-та во СССР |
Густина |
35,7/км2 10-та во СССР |
Од 5 декември 1929 е советска република во составот на Советскиот Соjуз. На 9 септември 1991, по добивањето на независноста, таа е преименувана во Република Таџикистан.