Татлија — вид на ориентално слатко, од пченичен гриз, попарена со шербет[1]. Вкусот на татлијата е сличен со оној на баклавата. Татлиите имаат повеќе варијанти и вообичаено содржат: брашно, млеко, масло, сечкани ореви и суво грозје, прелив од сируп од шеќер.

Татлија
Татлии
Дел од оброкотдесерт
Место на потеклоОтоманско Царство
РегионБалкан
Главни состојкимасло, млеко, брашно, ореви и шербет
Варијантиповеќе

Татлиите се слатки, кои во нашите краеви дошле од Турција и се составен дел на, македонската, српската и бугарската кујна.

Приготвување

уреди

Чаша масло и чаша млеко се ставаат во сад кој се грее додека не проврие, а потоа се трга од огнот. Во оваа течност со постепено мешање се додава: пола килограм брашно, прашок за печиво, сечкани ореви и суво грозје. Добиената смеса се разлева во претходно подмачканите садови. Во суровата состојба оваа смеса во тепсијата се сече на еднакви коцки и се пече во рерна додека не добие кафена боја. Додека се с уште жешки, татлиите се прелеваат со ладен шербет.

Татлиите се служат ладни така што исечените коцки се ставаат на тацна и се служат на гостите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди