Танаско Трајкоски
Танаско Стојанов Трајкоски ( 1923 во Раштани (Кичевско) — 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Танаско Трајкоски | ||
Роден | 1923 година Раштани (Кичевско), Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | мај, 1945 година Дуго Село, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со занаетчиски работи. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во редовите на Првата македонска бригада. Со бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево и Гостивар. Со единиците на Петнаесеттиот македонски корпус заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со германците кај Дуго Село близу до Загреб во мај 1945 година.[1]