Тамара Натановна Прес (родена на 10 мај 1937 г.) — поранешна советска атлетичарка која доминирала во дисциплините фрлање ѓуле и фрлање диск во раните 1960. години. Таа освоила три златни и еден сребрен медал на Летните олимписки игри во 1960 и 1964 година и три европски титули од 1958 до 1962 година. Меѓу 1959 и 1965 година таа поставила 11 светски рекорди: пет во фрлање ѓуле и шест во фрлање диск. Во рамките на СССР, таа освоила 16 државни титули, девет во фрлање ѓуле (1958–66) и седум во фрлање диск (1960–66).[1]

Тамара Прес на ЛОИ 1964
Лични податоци
Полно имеТамара Натановна Прес
Роден(а)10 мај 1937(1937-05-10)(86 г.)
Харков, Украина
Висина&100000000000001800000001,80 м
Тежина102 kg (225 lb)
Спорт
ЗемјаСССР СССР
Спортфрлање ѓуле, фрлање диск
КлубТруд Ленинград

Нејзината помлада сестра Ирина Прес исто така била истакната атлетичарка, но главно во спринтерските дисциплини.[2]

Кариера уреди

Прес е родена во семејство на еврејски родители во Харков, Украина. Нејзиниот татко загинал борејќи се во Втората светска војна во 1942 година, а нејзината мајка ги однела сестрите во Самарканд, каде започнале да се занимаваат со атлетика.[3][4] Во 1955 година Прес се преселила во Санкт Петербург за да тренира со познатиот тренер Виктор Алексејев. Следната година таа се наоѓала на краткиот олимписки список, но сепак не била дел од олимпискиот тим поради големата конкуренција во фрлачките дисциплини.[5]

Повлекување и гласини околу полот уреди

Таа и нејзината сестра Ирина биле обвинети дека се мажи или хермафродити и поради тоа често биле нарекувани "браќата Прес".[3][6][7] Тие ја завршиле својата кариера во 1966 година, пред половата верификација да стане задолжителна. По повлекувањето, Прес работела како тренер и судија во Москва.[2] Таа исто така напишала неколку книги на спортски, општествени и економски теми. Во 1974 година таа дипломирала педагогија.[1]

Таа била наградена со Орденот на Ленин (1960), Орденот на честа (1964) и Орденот на пријателство (1997).[5][8]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Пресс Тамара Натановна[мртва врска]. Olympic Encyclopedia (2006)
  2. 2,0 2,1 2,2 Tamara Press Архивирано на 6 февруари 2009 г.. sports-reference.com
  3. 3,0 3,1 3,2 Irina Press. Telegraph.co.uk. 31 мај 2004
  4. 4,0 4,1 Uri Miller. Jews in Sport in the USSR. Yivo Encyclopedia.
  5. 5,0 5,1 5,2 Пресс Тамара Натановна Архивирано на 5 јуни 2009 г.. excelion.ru
  6. "Switch hitter: If a man has a sex change can he compete in the Olympics as a woman?" Архивирано на 29 август 2008 г. thestraightdope.com. 22 август 2008
  7. Olympic Gender Drama-The Press Sisters. TransGriot. 9 ноември 2011
  8. 8,0 8,1 Пресс Тамара Натановна. Great Soviet Encyclopedia.
Рекорди
Претходник
  Нина Думбадзе
Светски рекордер во фрлање ѓуле
12 септември 1960 – 5 ноември 1967
Наследник
  Лизел Вестерман